Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел Вовед

Вовед
Езекиел бил и пророк и свештеник во ерусалимскиот храм. Кога Навуходоносор го освоил Ерусалим во 597 година пр. Христос и одвел голем број Јудејци во ропство во Вавилон, меѓу иселените бил и Езекиел. Господ го повикал пророкот да биде Божји гласник не само за иселениците во Вавилон, туку и за оние кои останале во Ерусалим. Пророчката служба на Езекиел траела од 593 година до 570 година пр. Христос. Бидејќи тоа го опфаќа периодот пред паѓањето на Ерусалим (586 година пр. Христос), и неколку години потоа, некои од пораките на Езекиел се предупредување за страшната катастрофа што ќе следи, а некои се полни со надеж за подобра иднина, по падот на Ерусалим. Кога Господ му ги пренесува Своите пораки на Езекиел, Тој му се обраќа со изразот „Сине човечки“, израз кој многу често се среќава во оваа книга.
Книгата на пророкот Езекиел би можела да се подели на пет дела. (1) Видението на Езекиел во кое ја видел славата Господова и бил повикан за пророк (1–3); (2) Предупредување до народот дека Господ ќе го казни застранувањето од Божјиот пат (4–24); (3) Божјата казна врз околните народи (25–32); (4) Пораки на надеж, по падот на Ерусалим (33–39); (5) Видението што го видел Езекиел за нов храм во Ерусалим (40–48).

Селектирано:

Езекиел Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се