Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 13

13
Други заповеди во врска со Пасхата
1Му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2#13,12.13.15; 22,29; 3 Мојс 27,26; 4 Мојс 3,13; 8,17; 18,15; 5 Мојс 15,19; Лк 2,23„Посвети ми го секое првородено, кое ја отвора секоја утроба меѓу сино­вите израелски: и од луѓето, и од до­битокот. Тие Мене ми припаѓаат!“ 3#12,2.19; 13,14; 5 Мојс 5,6И Мојсеј му рече на народот: „По­мнете го овој ден, во кој излеговте од Египет, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас. 4#12,2Денес излегувате, во месецот авив. 5#3,8; 12,25-26; 13,11; 5 Мојс 7,1-5Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата на Хананците, Хитијците, Амо­рејците, Евејците и Јевусијците, за која им се заколнал на татковците твои дека ќе ти ја даде – земјата во која тече мед и млеко – тогаш служи ја оваа служба во овој месец! 6#12,15-20; 34,18Седум дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Гос­по­дов. 7Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе квасен леб, ниту да се најде нешто квасно во сите твои краеви. 8#10,2; 12,26; Пс 78,5-6И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: Ова е за она, што ми го напра­ви Господ, кога излегував од Египет! 9#3,20; 13,16; 5 Мојс 6,8; 11,18; Ис 44,5; Мт 23,5И тоа нека ти биде знак на раката твоја и споменик пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со силна рака Господ те изведе од Египет. 10#12,14Затоа овој закон запазувај го секоја година во определено време! 11#13,5; 1 Мојс 12,7; 5 Мојс 1,8А кога ќе те воведе Господ, во земјата Хананска, како што ти се заколна тебе и на твоите татковци, и ќе ти ја предаде; 12#1 Мојс 22,1-2; Лк 2,22-24на Господ ќе Му го одделуваш секое првородено од машки пол, што отвора утроба и секое првородено од стадата или добитокот, што го имаш, а е од машки род, посвети Му го на Господ! 13#13,15; 34,20; 4 Мојс 3,36-47; 18,15А секое првородено магаре замени го со јагне; ако, пак, не го замениш, откупи го. И секое првороденче од човек меѓу синовите твои откупувај го! 14#10,2; 20,2; 5 Мојс 7,8А кога ќе те запраша синот твој тогаш и ти рече: ‚Што е тоа?‘ Кажи му: ‚Зашто со силна рака Господ нѐ изведе од Египет, од домот на ропството.‘ 15#12,29; 13,2Зашто, кога упорствуваше фара­онот да не нѐ пушти, го уби Господ секој првороден во земјата египетска, од првенец човечки до првородено во добитокот; затоа Му го принесувам на Господ како жртва секое машко, кое отвора утроба, а секој првороден меѓу синовите мои го откупувам. 16#13,9; 5 Мојс 6,8И тоа нека ти биде знак на раката твоја и наместо завој над очите твои, бидејќи со силна рака Господ нѐ изведе од Египет.“
Бог го предводи Својот народ
17 # 14,10-12; 4 Мојс 14,1-2 А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“ 18#15,22; Ез 20,10Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени. 19#1 Мојс 50,25; Ис.Н. 24,32; Евр 11,22И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израел, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со се­бе.“ 20#12,37; 4 Мојс 33,5-6И откако појдоа од Сукот, се настанија во Етам, при крајот на пустината. 21#14,19.24; 33,9-10; 40,38; 4 Мојс 9,16; 14,14; 5 Мојс 1,33; 31,8; Ис 4,4-6; Пс 68,7; 78,14; 105,39; Неем 9,12.19; Јн 8,12А Господ одеше пред нив, дење како столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат дење и ноќе. 22#Неем 9,19И не се иставаше пред народот столбот облак – дење, ни столбот од оган – ноќе.

Селектирано:

Излез 13: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност