Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 8

8
1Во тој ден царот Ксеркс ѝ го даде на царицата Естира домот на Аман, непријателот на Јудејците; а Мардохеј влезе пред лицето на царот, зашто Естира беше соопштила што ѝ е тој. 2#3,10; 1 Мојс 41,42И царот го извади прстенот свој што го беше одзел од Аман, и му го даде на Мардохеј; а Естира го постави Мар­дохеј за надзорник на Амановиот дом.
Царскиот указ во полза на Јудејците
3 # 3,6.9.11.13 И Естира говореше уште пред ца­рот, падна пред нозете негови, плачеше и го молеше да ја измени злобата на Вугеецот Аман и плано­вите негови што беше ги скроил против Јудејците. 4#5,2Царот го подаде кон Естира златниот жезол; Естира стана и застана пред лицето на царот, 5#3,12-13па му рече: „Ако му е на царот угодно, ако сум нашла милост пред неговото лице, а тоа дело биде спра­ведливо пред лицето на царот, нека се напише да се вратат писмата според замислата на Вугеецот Аман, син Амадатов, кој беше напишал за по­губувањето на Јудејците во сите царски области; 6зашто, како би можела да ја гледам неволјата што ќе го снајде мојот народ, и како би можела да го гледам загинувањето на моите сродници?“ 7#2,21Тогаш царот Ксеркс им рече на ца­рицата Естира и на Јудеецот Мар­дохеј: „Еве, јас ѝ го дадов на Естира домот на Аман, и самиот него го обесив на бесилка, поради тоа што беше кренал рака на Јудејците; 8напишете и вие за Јудејците, она што ви е угодно, од името на царот и потврдете го со печат од царскиот прстен, зашто писмо, напишано од името на царот и потврдено со печат од царски прстен, не може да се измени.“ 9#3,12-15Веднаш беа повикани царските пи­сари во третиот месец, односно, во месецот сиван, на дваесет и третиот ден, и беше напишано сѐ онака, како што заповеда Мардохеј, до Јудејците и до сатрапите, до обласните намесници, до управниците на областите од Индија до Етиопија – сто дваесет и седум об­ласти на секоја област со нејзиното писмо и до секој народ на неговиот јазик и до Јудејците со нивните писма и на нивни јазик. 10И беа напишани писма од името на царот Ксеркс, ги запечати со царскиот прстен и им ги испрати по брзоодци на коњи, на камили и на царски мулиња, 11дека царот им дозволува на Јудеј­ците што се наоѓаат во секој град да се соберат и да го заштитат својот живот, да ги истребат, убијат и погубат сите силни во народот и во областа, кои постапуваат непријателски спрема нив и нивните деца и жени, а имотот нивни да го разграбаат, 12во еден ден по сите области на царот Ксеркс, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, во месе­цот адар. 13Препис од таа повелба да се ис­прати до секоја област, како закон, обја­вен за сите народи, та Јудејците да би­дат готови за тој ден да им се одмаздат на непријателите свои. 14Брзоодците, јавнати на брзи царски коњи, тргнаа скоро и брзаа со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза. 15#1,6; Ис 12,6; 22,13; 24,14; 35,10; 51,3; 54,1; Ер 15,16; 31,7; Зах 8,19; Пс 51,9Тогаш Мардохеј излезе откај царот во царски сини и бели алишта, со голем златен венец и во ленена и пурпурна облека. Градот Суза се развесели и се зарадува. 16Кај Јудејците тогаш настана ден на светлина и радост, веселба и свеченост. 17#9,27; Ис 14,1; 56,3.6; Ер 50,5; Зах 2,15; Пс 83,8И во секоја област, во секој град и секое место, каде што ќе стигнеше заповедта на царот и неговата повелба, настануваше радост, веселба, гозба и празник за Јудејците. И мнозина луѓе од народите во земјата станаа Јудејци, зашто ги беше обзел страв од Јудејците.

Селектирано:

Естира 8: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност