Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 7

7
Неволја и смрт на Аман
1И дојде царот со Аман на гозбата кај царицата Естира. 2Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време на гоштева­њето: „Која е твојата желба, царице Естира? Таа ќе биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ќе биде исполнета.“ 3Царицата Естира одговори и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба! 4Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како робови и робинки, јас ќе молчев, макар непријателот и да не ја надомести ште­тата на царот.“ 5Проговори царот Ксеркс и ја праша царицата Естира: „Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да пос­тапи така?“ 6Естира му одговори: „Непријате­лот е овој злобен Аман!“ И Аман затрепери пред царот и царицата. 7И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира, зашто виде дека од царот го чека зло. 8Кога царот се врати од градината кај дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое седеше Естира. И царот рече: „Сака дури и да ја обесчести царицата во куќата моја!“ Излезе зборот од устата на царот, – му го покрија лицето на Аман. 9#5,14И рече Харвона, еден од царските слуги: „Еве ја бесилката што ја беше приготвил Аман за Мардохеј, кој го­вореше добро за царот, стои во домот на Аман, висока е педесет лакти.“ И царот рече: „Обесете го на неа!“ 10#2,1И го обесија Аман на бесилката што тој ја беше направил за Мардохеј. Тогаш гневот на царот стивна.

Селектирано:

Естира 7: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност