Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 1

1
Гозбата кај царот Ксеркс
1 # Езд 4,6-24 Тоа беше за време на владеењето на Ксеркс, – оној Ксеркс кој царуваше над сто дваесет и седум области од Индија до Етиопија, – 2#5 Мојс 17,18; 2 Цар 11,19; Дан 8,2; Неем 1,1; 2 Лет 7,18во тоа време, кога царот Ксеркс седеше на својот царски престол што е во престолнината Суза, 3#5,4.5.6.8; 5,12.14; 7,1.2.7.8; 8,9; 9,3во третата година на своето царување, тој приреди гозба за сите свои кнезови и слуги, за главните војводи на персиската и на мидиската војска и на своите обласни управници, 4покажувајќи ги во текот на цели сто и осумдесет дена големото богатство на царството свое и големиот сјај на своето величие. 5Откако завршија тие денови, царот приреди за народот свој, кој се наоѓаше во Суза, од најголем до најмал, седум­дневна гозба во тремот на градината на царскиот дворец. 6Бели памучни и виолетови волнени завеси, прицврстени со ленени и пурпурни врвци, за сребрени алки, висеа на мермерните столбови. Има­ше златни и сребрени легла послани на подот, од зелен, бел, жолт и црвен мермер. 7Напивките се служеа во златни разнообразни чаши; а царско вино има­ше во изобилие, според богатството на царот. 8Пиењето беше слободно: без при­силување, бидејќи царот им беше запо­ведал на сите свои управници на домот да постапуваат според волјата на секој. 9И царицата Астина исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Ксеркс.
Неволјата на царицата Астина
10 # Суд 16,25; 1 Сам 25,36; 2 Сам 13,28; 1 Цар 21,7; Изреки 15,15; Проп 9,7 На седмиот ден, кога срцето на ца­рот се развесели од виното, тој им рече на Мехуман, Бизета, Харвона, Бигета, Авагета, Зетар и Каркас – седум евнуси, што служеа пред царот Ксеркс, 11#1 Мојс 24,16; 26,7; 2 Сам 11,2да ја доведат царицата Астина пред царевото лице со царски венец за да им ја покаже нејзината убавина на народите и на кнезовите, зашто таа беше многу убава. 12#3,5; 5,9; 7,7Но царицата Астина не сакаше да дојде според царевата наредба, соопштена преку евнусите. 13#Дан 2,2.27; 5,7Царот многу се разгневи, и јароста пламна во него. И им рече царот на мудреците, кои ги познаваа поранеш­ните времиња, зашто царски­те дела се разгледуваа пред сите што знаеја закон и правда, 14#2 Цар 25,19а негови најблиски тогаш беа: Каршена, Ситар, Адмата, Тарсис, Ме­рес, Марсена, Мемухан – седум перси­ски и мидиски кнезови, кои седеа до ца­рот на прво место: 15„Како да постапиме според за­конот со царицата Астина, поради тоа што не го исполни зборот на царот Ксеркс, соопштен преку дворјаните.“ 16Тогаш рече Мемухан пред лицето на царот и на кнезовите: „Не само пред царот е виновна царицата Астина, туку и пред сите кнезови и началници цар­ски; 17зашто постапките на царицата ќе ги дознаат сите жени и ќе почнат да ги запоставуваат мажите свои и да говорат: ‚царот Ксеркс заповедал да ја доведат пред него царицата Асти­на, но таа не отишла.‘ 18Сега персиските и мидиските кне­гињи, кои ќе чујат за постапката на царицата, ќе им го кажат тоа на сите царски кнезови; и ќе има горделивост, а и големи караници. 19#8,8; 1 Сам 15,28; Дан 6,9.13Ако му е на царот угодно, нека издаде царска заповед што ќе се запише во персиските и мидиските закони и да не се менува: дека Астина нема да излегува веќе пред лицето на царот Ксеркс, а нејзиното царско достоинство царот да го предаде на друга, подобра од неа. 20Кога ќе чујат за таа царска заповед, која ќе се разнесе по целото негово царство, колку и да е големо, сите жени ќе ги почитуваат мажите свои, од најголем до најмал.“ 21#2,4Тие зборови му се допаднаа на царот и на кнезовите: и царот пос­тапи според зборовите на Мемухан; 22па испрати до сите царски об­ласти писма, напишани за секоја област со писмото нејзино и на секој народ на јазикот негов: секој маж да биде господар на домот свој, и тоа да му се објави на секого на неговиот роден јазик.

Селектирано:

Естира 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност