Проповедник 7
7
1Подобар е добар глас, отколку скапоцено масло, и смртниот ден – од родениот ден. 2Подобро е да одиш во куќа каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во куќа, каде што има веселби и гозби, зашто таков е крајот на секој човек, и живиот ќе го приложи тоа кон срцето свое. 3Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро. 4На умните срцето им е во куќата, каде што плачат, а на безумните во куќа, каде што се веселат. 5Подобро е да слушаш прекор од мудар, отколку да слушаш пофалби од глупав; 6зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета! 7Угнетувањето на другите го прави мудриот безумен, а подароците го расипуваат срцето. 8#Изреки 16,32Крајот на една работа е подобар од нејзиниот почеток; трпеливиот е подобар од горделивиот. 9#5,16; Изреки 22,24; Јк 1,19-20Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот се крие во срцето на безумните. 10Не вели: „Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?“, бидејќи не е мудро да прашуваш за тоа. 11Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето, 12#8,13зашто под нејзината сенка е исто, како под сенката на сребро; но предимството на знаењето е во тоа, што мудроста му дава живот на оној, што ја има. 13#1,15Погледај ги Божјите дела: кој може да го исправи она, што Бог го направил криво? 14Во добро време ползувај се со доброто, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него. 15#3,19Се нагледав на сѐ во моите суетни дни: праведниот загинува со својата праведност; безбожниот и натаму живее и покрај безбожноста своја. 16Немој да бидеш премногу строг и немој да се покажуваш за многу умен, зошто да се уништуваш? 17Не предавај се на грев и не станувај безумен; зошто да умреш предвреме? 18Добро е, ако се држиш за едното, но и друго да не испушташ од раката своја; зашто, кој има страв од Бога, ќе се избави од сето тоа. 19#9,16Мудроста го прави мудриот посилен од десет кнезови што се во градот. 20#Јов 14,4; 1 Јн 1,8-9Нема праведник на земјата, кој прави добро и никако да не греши; 21#10,20затоа не обрнувај внимание на секој збор, што се кажува, за да не го чуеш и слугата свој, кога те навредува; 22зашто срцето твое знае за многу случаи, кога и ти самиот си навредувал други. 23Сето тоа го испитав со мудрост; јас реков: „Ќе бидам мудар“, но мудроста е далеку од мене. 24Далеку е тоа што се случило и многу длабоко: кој ќе го пронајде? 25#1,13Се свртев со срцето свое, за да ги дознаам, изучам и истражам мудроста и разумот, и да го познаам безумието на безбожниот, и незнаењето, и лукавството, 26#Суд 16; 1 Сам 15,32; Изреки 22,14и разбрав дека погорчливо од смртта е жената, зашто таа е мрежа, срцето нејзино – стапица, рацете нејзини – окови; добриот пред Бога ќе се спаси од неа, а грешникот ќе биде уловен од неа. 27„Ете, тоа открив јас – рече Проповедникот – испитувајќи едно по друго.“ 28#Изреки 20,6Што уште бараше душата моја, и не го најде? – Маж најдов еден на илјада, но жена меѓу сите нив не најдов. 29Само, ете, тоа го открив дека Бог го создаде човекот едноставен и добар, но тој самиот си создава проблеми.
Селектирано:
Проповедник 7: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006