Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 6

6
1Има едно зло, што го видов на земјата, и тоа често е меѓу луѓе­то: 2#2,18; Лк 12,20Бог му дава на човекот богатство, имот и слава, и за душата негова нема скудности во ништо, што и да посака; но Бог не му дава нему да се ползува од тоа, туку се ползува од него друг човек: тоа е суета и тешко зло! 3#Јов 3,11Ако некој изнароди сто синови, про­живее многу години и уште му се умно­жат дните на животот негов, а душата негова не се насладила на добро, та за него ќе нема дури ни по­греб, подобро му е, велам, на недо­носче отколку нему, 4зашто залудо дошло и отишло во темнина, и името му е покриено со мрак. 5Тоа дури и не го видело и не го по­знало сонцето: но поспокојно е од оној. 6#3,20А оној, макар да проживеал и две илјади години, без наслада од добрата, нема ли да појде сѐ на исто место? 7Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити. 8#2,15А каква предност има умниот пред безумниот, каква – сиромавиот, кој умее да се однесува пред луѓето? 9#1,14Подобро е да гледаш со очи, откол­ку да посакуваш со душата. И тоа е суета и мака за духот.
Совети за мудрост
10Она што постои, тоа е веќе наре­чено со име, и се знае дека е тоа – чо­векот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него. 11#5,2Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е по­добро за човекот? 12#3,22; 9,9; Пс 102,11; 109,23; Јов 14,2Зашто, кој знае што е добро за чо­векот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ќе му каже на човекот, што ќе стане по него на земјата?

Селектирано:

Проповедник 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се