Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 4

4
Изменет начин на живеење
1 # 2,21; 3,18; Рим 6,2.7 Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пос­трада со телото, тој прекинал со гревот, 2#2,11; Рим 7,14; 1 Јн 2,16-17та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со чо­вечки похоти, туку според волјата Бож­ја. 3#1,14; Рим 1,29; Ефес 2,1-3; 4,17-18; Тит 3,3Зашто доволно е што минатото вре­ме на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во не­чес­тиво идолопоклонство. 4Затоа тие и се чудат што не се дру­жите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас. 5#Дела 10,42; 2 Тим 4,1Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мрт­вите. 6#3,19; Рим 1,9; 2 Кор 5,5Зашто и на мртвите им беше про­по­ведано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.
Бодрост во христијанската заедница
7 # 1,5-7; 4,17; Рим 13,11.12; 2 Кор 6,2 Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. 8#Изреки 10,12; Лк 7,47; Јк 5,20А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ 9Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. 10#Лк 12,42-48; Рим 12,6-8; 1 Кор 12,4-7Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат. 11#Рим 9,5; 1 Кор 10,31Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој слу­жи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог пре­ку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин.
Блаженството ветено на прогонуваните
12 # 1,6-7; 3,14 Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува. 13#Мт 5,11-12; Рим 5,3-5; Кол 3,4; Јк 1,2-3Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите. 14#2,20; 3,14.17; Ис 11,2; Пс 89,50.51А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате. 15Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник, ни­ту како оној што се меша во туѓи ра­бо­ти; 16#Дела 11,26но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество. 17#2,8; Ер 25,29; Лк 23,31; 2 Сол 1,8Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие? 18#Изреки 11,31И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од без­бож­ни­ци­те и грешниците!? 19#Пс 31,5; Лк 23,46И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.

Селектирано:

1 Петар 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност