Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 22

22
Давидовата подготовка за градење храм на Господ Бог
1 # 1 Мојс 28,17 И рече Давид: „Еве го домот на Господ Бог, еве го и жртве­никот за сепаленици на Израел.“ 2#1 Цар 5,15-32#5 Мојс 20,11; 1 Цар 5,17-18; Ис 56,6; Езд 3,7; 2 Лет 8,10Па заповеда Давид да ги соберат придојдените, што беа во земјата изра­елска и одреди каменоделци да делкаат камења за изградба на дом Божји. 3#1 Цар 7,47Давид подготви уште многу же­лезо за шајки по крилата на вратите и за куки, и многу бакар – без мерка, 4и кедрово дрво без број, зашто Сидонците и Тирците му доставија на Давид многу кедрово дрво. 5#1 Цар 3,7; 2 Лет 2,5И рече Давид: „Синот мој Соло­мон е млад и слаб, а домот, што ќе се гради за Господ, треба да биде многу величес­твен, за слава и за приказ по сите земји; затоа јас ќе му приготвам сѐ што треба за него.“ И приготви Давид до смртта своја многу. 6#Дела 7,47И го повика синот свој Соломон и му заповеда да Му изгради дом на Господ, Бог Израелов. 7#2 Сам 7,1-17#5 Мојс 12,5.11; 1 Цар 8,17И му рече Давид на Соломон: „Сине, имав на срце да изградам дом на името на мојот Господ, Бог, 8но дојде кон мене словото Госпо­дово и ми се рече: ‚Ти си пролеал многу крв и си водел големи војни; ти не бива да градиш дом на името Мое, зашто си пролеал многу крв на земјата пред лицето Мое. 9#Ис.Н. 14,15; 2 Сам 12,24; 1 Цар 5,4Еве, ќе ти се роди син: тој ќе биде мирен човек; ќе му дадам спокојство од сите околни непријатели, затоа името негово ќе биде Соломон. Во неговите дни ќе му дадам на Израел мир и спо­којство. 10#2 Сам 7,13.14; 1 Цар 9,5Тој ќе изгради дом на името Мое и ќе Ми биде син, а Јас нему – Татко, и та­ка ќе го зацврсти престолот на царството негово над Израел довека.‘ 11#1 Сам 16,16А сега, сине, Господ нека биде со тебе, та да имаш благослов и да Му изградиш дом на Господ, твојот Бог, според тоа како што Тој рече за тебе. 12#1 Цар 3,11Да ти даде Господ мудрост и разум и да те постави над Израел; и запази го законот на Господ, твојот Бог! 13#5 Мојс 31,6.23; Ис.Н. 1,6-9; 1 Цар 2,3Така ќе имаш успех, кога ќе земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеј за Израел. Биди цврст и храбар, не плаши се и не паѓај со духот! 14И еве, јас со мака приготвив за домот Господов сто илјади кикари зла­то, илјада кикари сребро, а бакарот и железото мерка немаат, зашто се во големи количини; дрва и камења исто така подготвив, а ти придодај уште кон тоа. 15#1 Цар 5,27-29; Езд 3,7Имаш многу работници, и камено­делци, и резбари, и дрводелци, и вешти луѓе за секаква работа. 16Злато, сребро, бакар и железо – без број; продолжи и работи; Господ ќе биде со тебе.“ 17И им заповеда Давид на сите на­чалници израелски да му помагаат на синот негов Соломон: 18#2 Сам 7,1„Зар не е со вас Господ, Бог наш, Кој ви даде спокојство од секаде? Зашто Тој ги предаде во мои раце жи­телите на оваа земја, и земјата се покори пред Господ и пред Неговиот народ. 19#2 Лет 7,14И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Гос­под, вашиот Бог. Станете и изградете Му светилиште на Господ Бог, за да го пренесете ковчегот на заветот Господов и свештените садо­ви Божји во домот, што ќе се гради на името Господово!“

Селектирано:

1 Летописи 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност