1 Летописи 11
11
Давид едногласно избран и помазан за цар
(2 Сам 5,1-10)
1 #
1 Мојс 13,18; 23,19 Се собраа сите Израелци кај Давид во Хеврон и рекоа: „Еве, ние сме коска твоја и плот твоја; 2#2 Сам 18,5.16; Пс 78,71; Мт 2,6и порано, кога Саул беше уште цар, ти го изведуваше и го воведуваше Израел: и Господ, твојот Бог, ти рече: ‚Ти ќе го пасеш Мојот народ Израел и ти ќе бидеш водач на Израел, Мојот народ.‘“ 3#1 Сам 16,1-13Тогаш сите израелски началници дојдоа кај царот во Хеврон, и Давид склучи со нив завет во Хеврон пред лицето Господово, и тие го помазаа Давид за цар над Израел, според словото Господово преку Самоил. 4#1 Мојс 10,16; 15,18-21; Ис.Н. 3,10; 15,8И тргна Давид и сиот Израел за Ерусалим, односно за Јевус. А таму беа Јевусијците, жители на таа земја. 5Жителите на Јевус му рекоа на Давид: „Нема да влезеш тука.“ Но Давид ја презеде тврдината Сион: тоа е градот Давидов. 6#2 Сам 2,13И рече Давид: „Кој од сите вас најнапред ќе ги победи Јевусијците, ќе стане началник и војвода.“ Најнапред од сите излезе Јоав, Саруевиот син, и стана началник. 7Давид живееше во таа тврдина, и затоа ја нарекуваа Давидов град. 8#2 Лет 32,5Тој изгради ѕидови околу градот, почнувајќи од Мило па сѐ наоколу; Јоав, пак, ги обнови другите делови на градот. 9Давид напредуваше и се воздигаше сѐ повеќе и повеќе, и Господ Саваот беше со него.
Давидовите јунаци
(2 Сам 23,8-39)
10Еве ги поглавните Давидови јунаци, кои се бореа храбро со него во царството негово, заедно со сиот Израел, за да го зацарат над Израел според словото Господово. 11#2 Сам 17,10Еве го и бројот на јунаците што беа кај Давид: Јашовам, син Хахмониев, прв од триесеттемина: тој го извлече мечот свој против триста души и наеднаш ги порази. 12По него Елеазар, синот на Ахохиецот Додо – еден од тројцата јунаци: 13Тој беше со Давид во Пас-Дамим, каде што Филистејците се беа собрале за војна. Таму еден дел од полето беше посеано со јачмен, и народот избега од Филистејците; 14#2 Мојс 14,30; 1 Сам 11,13но тие се запреа среде полето, ги забележаа и ги поразија Филистејците. И Господ им донесе голема победа и ги спаси Своите луѓе. 15#Ис 17,5Тие, тројцата главни од триесеттемина водачи, се качија на карпата кај Давид во пештерата Адулам, а, пак, филистејскиот логор беше сместен во Рефаимската Долина. 16#2 Сам 5,17Давид во тоа време беше во утврдено место, а стражата филистејска беше во Витлеем. 17Давид ожедне и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот извор, што е кај портите?“ 18#5 Мојс 12,16Тогаш тие тројца се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од витлеемскиот извор, што е кај портите, та му донесоа на Давид. Но Давид не сакаше да пие, туку ја излеа во слава на Господ. 19И рече: „Да ме чува Господ, тоа да го направам! Зар ќе ја пијам крвта на оние мажи, што ги изложија душите свои! Зашто со опасност по животот свој тие ја донесоа водата.“ И не сакаше да ја пие. Тоа го извршија тие тројца јунаци. 20#1 Сам 26,6И Авеса, братот Јоавов, беше главен меѓу тројцата: тој уби со мечот свој триста души и се прослави меѓу тие тројца. 21Од тројцата тој беше највиден и беше водач, но оние тројца тој не ги достигна. 22#Ис.Н. 15,21; 1 Сам 17,36Ванеја, синот на храбриот маж Јодај, голем по делата, родум од Кавцеел, ги уби двајцата синови на Ариил моавски; тој истиот слезе и уби лав во еден ров по снежно време; 23#1 Сам 17,7пак тој уби еден Египќанец, кој беше пет лакти висок: Египќанецот имаше во раката копје колку едно ткаечко кросно, а тој пристапи кон него со стап и, откако му го изби копјето од раката на Египќанецот, го уби со неговото копје. 24Тоа го изврши Јехојадаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тие тројца јунаци; 25тој беше повиден од триесеттемина, но на оние тројцата не им беше рамен, и Давид го постави за најблизок исполнител на своите заповеди. 26А главни од борците беа: Асаил, брат на Јоав; Елханан, син на Додо, од Витлеем; 27Шамот Хароранин, Хелец Пелонјанин; 28Ира, син на Икеш Текоатски; Авиезер Анатотски; 29Сивхај Хушаќанецот; Илај Ахохиецот; 30Махарај Нетофатец; Хелед, син на Баана, Нетофатецот; 31Итај, син Риваев, од Гива Венијаминова; Ванеја Пиратонјанецот; 32Хурај од Гаашките потоци, Авиел од Бет-Арава; 33Азмавет Бахарумиец; Елјахба Шаалбониец. 34Синови на Гизонецот Хашем: Јонатан син на Шате, Харариецот; 35Ахијам, син Сахаров, Харариец: Елифал, син на Ур; 36Хефер Мехератиецот; Ахија Пелонјанинот; 37Хецро Кармилански; Наарај, син Езбаев; 38Јоил, брат Натанов; Мивхар, син Хагриев; 39Целек Амонец; Нахрај Бероќанинот, оружјеносец на Јоав, син Саруев; 40Ира Јитранецот; Гарев Јитранецот; 41Урија Хитиецот; Завад, син Ахлаев; 42Адина, син на Шица, началник на Рувимовците, и со него уште триесет; 43Ханан, син на Мааха; Јосафат Митниецот; 44Озија Аштератиецот; Шама и Јеиел, синови на Хотам од Ароер; 45Једиаел, син на Шимриј, и Јоха, негов брат од Тиц; 46Елиил од Махавим, и Јеривај и Јошавија, синови Елнаамови, и Јитма Моавецот; 47Елиил, Овид и Јасиел од Мецоваја.
Селектирано:
1 Летописи 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006