Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наум 3

3
Казна за градот Ниневија
1 # Ез 24,6 Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него. 2Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскок­нување на бојни коли. 3#Ез 39,11-16Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На тру­по­вите им нема крај; и се сопнуваат од нив. 4#Откр 17–18Сето тоа е за многуте блудствува­ња на убавата на изглед развратница, вешта во магии, која со блудот свој за­ведува народи, а со магиите – племиња. 5#2,13; Ос 2,3; Ер 13,22.26Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата го­лотија, и на царствата – срамотиите твои. 6Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те на­правам за срам. 7#Ис 51,19; Ер 15,5; Пс 68,20И секој, штом ќе те види, ќе по­бег­не од тебе и ќе рече: „Разурната е Ни­невија! Кој ќе ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?“
Судбината на Ниневија е запечатена
8Зар си подобра од Но-Амон, кој лежи меѓу речните ракави на Нил; чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид. 9#Ис 20,5; Ер 46,9; Дан 11,43Етиопија и Египет со безбројно множество луѓе ти служеа како пот­крепа; а и народите на Пут и Либија ти идеа на помош. 10#Ос 10,14; Јоил 3,3; Авд 1,11Па сепак и таа отиде во ропство; дури и децата ѝ се здробени – по сите градски крстосници; а за првенците нејзини фрлија ждрепка, и сите го­лемци се во вериги оковани. 11И ти така ќе се опиеш и ќе се кри­еш; и ќе бараш засолниште од непријателите свои. 12Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ќе паднат право во устата на оној што сака да ги јаде. 13#Ис 3,12; 19,16; Ер 50,37; 51,30Погледни си го народот: во твојот дом се само жени, на непријателите твои ширум им се отвораат портите на земјата, и оган ги проголта твоите резиња. 14Зафати си вода за опсадата; за­цврсти ги тврдините; влези во кал, га­зи глина, направи калапи за печење тули. 15#Ер 46,23; 18; 3 Цар 22,17; Ер 51,57; Мт 18,12Таму оган ќе те проголта, меч ќе те исече, ќе те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како га­сеници, па и да сте се намножиле ка­ко скакулци. 16Трговците во тебе се повеќе од ѕвездите на небото; но тие како ска­кулците ќе се распрскаат и ќе одлета­ат. 17И кнезовите твои се како скакулци, а војводите – како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ќе изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде што биле. 18Спијат твоите пастири, царе асир­ски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да го прибере. 19#Ер 10,19; 30,12Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ќе чујат за те­бе, ќе ракоплескаат, зашто кој мо­же­ше да се спаси од твојата сурова сви­репост?

Селектирано:

Наум 3: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност