Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 28

28
Исусовото воскресение
(Мк 16,1-10; Лк 24,1-12; Јн 20,1-10)
1 # 27,61; Дела 20,7 Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седми­ца­та, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот. 2#1,20; 2 Мојс 19,18; Дела 16,26И ете, стана голем потрес; ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него; 3#17,2; Лк 9,29; Дела 1,10лицето му беше како молња, а облеката – бела како снег; 4#17,6а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви. 5#14,27; 1 Мојс 15,1; Ер 30,10; Откр 1,17Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исуса распнатиот; 6#16,21; Дела 2,24не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, 7#26,32; Мк 14,28па отидете бргу и кажете им на учениците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“ 8#Мк 16,8И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови. 9#2,2.8.11; 8,2; 14,33; 15,25; 28,17Кога одеа да им јават на Неговите ученици, ете, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гуш­наа нозете Негови и Му се поклонија. 10#Јн 20,17Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“ 11Кога одеа тие, ете, некои од стра­жарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало. 12#12,14И тие, кога се собраа со старе­ши­ните и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците, 13#27,64велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘ 14и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“ 15А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
Исус им се јавува на Своите ученици
(Мк 16,14-18; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
16 # 26,32 А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус; 17па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа. 18#4,9-10; 11,27; Дан 7,14; Јн 3,35; Ефес 1,20-22; Фил 2,9-11А Исус, кога пристапи, прого­вори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. 19#10,6; 24,9.14; Ис 42,6; 49,6; Лк 24,47; Дела 1,8; 2,38; 19,5; Рим 6,3; Гал 3,27; Ефес 4,5Одете и научете ги сите народи, кр­штевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, 20#1,23; 18,20; 1 Мојс 28,15; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ис 41,10; 43,5; Ер 1,8; Агеј 1,13; Дан 7,13-14; Јн 14,18-21и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот.“ Амин!

Селектирано:

Матеј 28: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност