Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 8

8
Жените – Исусови следбенички
1 # Мт 4,23; 10,2; Мк 1,14-15 Потоа Тој одеше по градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа Дванаесетмината, 2#23,49; 24,10; Мт 27,56; Јн 19,25и некои жени што беа излекувани од демони и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони; 3и Јоана, жената на Хуза, настој­ни­кот Иродов, и Сусана, и многу други, кои им служеа со своите имоти.
Парабола за сејачот
(Мт 13,1-9; Мк 4,1-9)
4А кога се насобра многу народ, и кога жителите од секој град доаѓаа кај Него, рече во парабола: 5„Излезе сејач да сее семе. Додека се­еше, едно падна покрај пат и беше из­га­зено, и птиците небески го исколваа; 6а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага; 7#Ер 4,3едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; 8#Мт 11,15а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.“ От­ка­ко го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Зошто служат параболите
(Мт 13,10-17; Мк 4,10-12)
9А учениците Негови Го прашаа, ве­лејќи: „Што значи оваа парабола?“ 10#Ис 6,9-10; Мт 3,2; Јн 12,40; Дела 28,26Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува со параболи, да гледаат, а да не видат, и да слу­шаат, а да не разберат!
Исус ја објаснува параболата за сејачот
(Мт 13,18-23; Мк 4,13-20)
11 # 1 Сол 2,13; 1 Птр 1,23 А оваа парабола значи: семето е словото Божјо. 12#1 Кор 1,21Она што падна покрај патот, тоа се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓа­во­лот и им го зема словото од срцата нив­ни, за да не поверуваат и да не се спа­сат; 13а она на камен – тоа се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое вре­ме, а во време на искушенијата, тие отпаѓаат; 14#21,34тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние што го слушаат словото, но от­ка­ко ќе заминат, се гушат од грижи, бо­гатства и наслади од овој живот и не до­несуваат плод; 15#21,19; Рим 2,7; 5,3-4; 2 Кор 6,4а тоа што падна на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение.“ Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, не­ка чуе!“
Парабола за светлината
(Мт 4,21-25)
16 # 11,33; Мт 5,15; Јн 8,12 „Никој не ја поклопува со сад све­ќа­та што ја запалил, ниту ја става под лег­ло, туку ја става на свеќник, за да ја гле­даат светлината оние што влегуваат. 17#12,2; Мт 10,26; 1 Кор 4,5; Ефес 5,13Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина. 18#19,26; Мт 13,12; 25,29Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има.“
Вистинското семејство на Исус
(Мт 12,46-50; Мк 3,31-35)
19Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да пријдат до Него поради народот. 20И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ 21#11,27-28А Тој им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“
Смирување на бу­рата
(Мт 8,23-27; Мк 4,35-41)
22Еден ден влезе Тој во кораб со уче­ниците Свои и им рече: „Да минеме на другата страна од езерото!“ И појдоа. 23Додека пловеа, Тој заспа. А над езе­рото се појави бурен ветар, водата навлегуваше и тие беа во опасност. 24#5,5; 8,45Пристапија и Го разбудија, гово­реј­ќи: „Учителе, Учителе, загинуваме!“ А Тој, штом се разбуди, им заповеда на вет­рот и на водните бранови; и тие се смирија и наста­на тишина. 25#1,12.63И им рече: „Каде е верата ваша?“ А тие се уплашија и се чудеа, велејќи си еден на друг: „Кој е Овој што и на вет­ровите и на водата им заповеда и Го слушаат?“
Исцелувањето на човекот измачуван од демони
(Мт 8,28-34; Мк 5,1-20)
26И пристигна во Гадаринскиот крај, спроти Галилеја. 27А кога излезе Тој на суво, Го сретна еден човек од градот, кој беше обземен од демони и долго време не обле­ку­ва­ше алишта, и не живееше дома, туку во гробовите. 28#4,34.41; Мт 8,29; Мк 3,11Кога Го виде Исус, викајќи падна пред Него, и гласно рече: „Што сакаш од мене, Ти, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Ти се молам, не мачи ме!“ 29#4,1; 11,24; 3 Мојс 16,10; Ис 13,21; Тов 8,3А Исус му беше заповедал на не­чистиот дух да излезе од човекот, зашто долго време го мачеше. Го чуваа во окови, и со ланци го врзуваа, но тој ги раскинуваше оковите и демонот го тераше да оди во пусти места. 30А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легион“, зашто многу демони беа влегле во него. 31И Го молеа Исус да не им наредува да одат во бездната. 32А таму, по ридот, пасеше големо крдо сви­њи; па Го молеа да им допушти да вле­зат во нив. И им допушти. 33И откако излегоа лошите духови од човекот, влегоа во свињите; и крдото јурна низ стрмнината во езерото и се удави. 34Свињарите, кога видоа што се слу­чи, избегаа и раскажаа по градот и селата. 35#10,39; Дела 22,3И излегоа да видат што станало; па кога дојдоа кај Исус, го најдоа човекот, од кого беа излегле нечистите духови, како седи пред нозете Исусови, облечен и со здрав разум; и се исплашија. 36#Мт 9,22А оние што беа виделе, им рас­ка­жаа како се излечи бесомачниот. 37#1,12; Дела 16,39Сиот народ од Гадаринскиот крај Го замоли да си оди од нив; зашто ги беше опфатил голем страв. И Тој влезе во ко­ра­бот и се врати. 38Човекот, пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Не­го; но Исус го отпушти, велејќи: 39„Врати се во домот свој и рас­ка­жу­вај што ти направи Бог!“ Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус.
Чудата со болната жена и со ќерката на Јаир
(Мт 9,18-26; Мк 5,21-43)
40А кога се врати Исус, народот Го пресретна, зашто сите Го очекуваа. 41И ете, дојде еден човек, по име Ја­ир, кој беше управник на синагогата. Тој падна пред нозете Исусови, и Го мо­леше да влезе во домот негов, 42#7,12; 3 Цар 17,17зашто имаше една единствена ќер­ка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. 43#3 Мојс 15,25И една жена, која боледуваше два­наесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по ле­кари, а ниеден не можел да ја излекува, 44пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението. 45И рече Исус: „Кој се допре до Ме­не?“ А бидејќи сите порекнуваа, Му ре­че Петар и оние што беа со Него „Учи­теле, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ 46#5,17; 6,19Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.“ 47Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. 48#7,50; 17,19; 18,42; Дела 3,16А Тој ѝ рече: „Не бој се, ќерко, ве­ра­та твоја те спаси; оди си во мир!“ 49Додека Тој уште зборуваше, дојде некој откај старешината на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“ 50#Мт 8,10Но Исус, штом го слушна тоа, му одговори и рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“ 51#Мт 17,1А кога пристигна во куќата, никому не му дозволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков, и на таткото и мајката на девојката. 52#7,13Сите плачеа и ридаа по неа. Но Тој им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“ 53И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. 54#7,14А Тој откако ги истера сите, ја фа­ти за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“ 55#3 Цар 17,21-22И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и тој заповеда да ѝ дадат да јаде. 56#1,12; Мк 1,34И се зачудија родителите нејзини. А Тој им заповеда никому да не ка­жу­ваат за тоа што стана.

Селектирано:

Лука 8: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност