Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Макавејска 11

11
Птоломеј Шести му помага на Димитриј Втори
1 # 1 Мојс 22,17; Суд 7,12; 1 Цар 13,5; 2 Цар 17,11; 3 Цар 5,8 Египетскиот цар, откако собра многубројна војска, како песок на морскиот брег, како и многу кораби, се обидуваше лукаво да го завладее цар­ството на Александар и да го присоедини кон своето царство. 2Тој дојде во Сирија со мирољубиви зборови и жителите му ги отвораа гра­довите и го пречекуваа, бидејќи царот Александар им беше заповедал да го примаат, зашто му беше тест. 3Но, кога Птоломеј влегуваше во гра­довите, во секој од нив оставаше и своја стража. 4#10,83-84Кога се приближи до Азот, му го по­кажаа изгорениот храм на Дагон, Азот и околните разурнати градови, како и телата на убиените и изгорените во бит­ката; тие беа натрупани на купови покрај патот. 5Му раскажуваа за сѐ што направил Јонатан, оплакувајќи се од него, но ца­рот премолча и ништо не рече. 6#10,86Тогаш Јонатан излезе и го пречека царот во Јопија со почит; се поздравија еден со друг и преноќуваа таму. 7Потоа Јонатан го испрати царот до реката, која се нарекува Елефтера, а потоа се врати во Ерусалим. 8#Дела 13,4Царот Птоломеј ги зазеде градовите на морскиот брег до Селевкија и почна да крои лоши планови против Алексан­дар. 9Му испрати гласници на царот Ди­митриј да му кажат: „Ајде да склучиме сојуз меѓу нас. Јас ќе ти ја дадам ќерка ми, која ја има Александар, а ти ќе царуваш во царството на твојот татко. 10Жалам што му ја дадов мојата ќер­ка, зашто тој сака да ме убие.“ 11Тој го клеветеше затоа што сакаше да му го земе царството. 12Па, откако му ја одзеде својата ќер­ка, му ја даде на Димитриј, ги прекина врските со Александар и нивното не­пријателство стана јавно. 13Тогаш Птоломеј влезе во Анти­охија и се круниса со две круни – со кру­ната на Азија и круната на Египет. 14Во тоа време Александар се нао­ѓаше во Киликија, зашто жителите на тие места се беа кренале против него. 15Кога слушна за сето тоа, Алек­сан­дар отиде да војува против него; Птоло­меј ја изведе својата војска, го пречека со голема сила и го присили на бегство. 16Александар избега во Арабија за да се сокрие таму, а Птоломеј се радува­ше. 17Арабјанецот Завдиел му ја отсече главата на Александар и му ја прати на Птоломеј. 18На третиот ден потоа умре царот Птоломеј, а жителите на тврдината ги убија неговите војници, кои беа во неа. 19Димитриј се зацари во сто шеесет и седмата година.
Новата повелба на Димитриј
20 # 1,33; 10,32.46 Во тие денови Јонатан ги собра Ју­дејците за да ја преземе ерусалимската тврдина и постави многубројни напра­ви. 21#1,11.34Но некои, кои не го сакаа својот на­род, оние што беа отстапиле од Божјиот закон, отидоа кај царот и го известија дека Јонатан ја опседнува тврдината. 22Кога тој слушна за тоа, се налути, бргу се подготви и појде за Птолемаида, а на Јонатан му испрати писмо да не ја опседнува тврдината и што може побргу да појде за да се сретнат во Птоле­ма­ида и да разговараат. 23Но Јонатан откако ги сослуша тие зборови, нареди опсадата да продолжи и, откако собра некои од старешините и од свештениците, реши да се изложи на опасност. 24Па, откако зеде сребро и злато и многу други дарови, појде кај царот во Птолемаида за да ја придобие неговата милост. 25Иако некои отстапници од неговиот народ го клеветеа, 26царот постапи со него така како што постапуваа и неговите претходници и го воздигна пред сите свои прија­те­ли; 27#10,20.65па, откако го потврди неговото првосвештенство и другите почесни одликувања, кои ги имаше пред тоа, го направи еден од своите први пријатели. 28#10,30.38; 11,34Јонатан го замоли царот да ја осло­бо­ди Јудеја, како и трите области и Са­марија, од даноци и му вети триста та­ланти. 29Царот се согласи и за сето тоа на­пиша и писмо со ваква содржина: 30„Царот Димитриј до братот Јонатан и до јудејскиот народ – поздрав. 31Преписот од писмото што му го на­пишавме за вас на Ластен, нашиот роднина, ви го испраќаме и вам за да зна­ете. 32Царот Димитриј го поздравува својот татко Ластен. 33На јудејскиот народ – нашите пријатели, кои ги исполнуваат верно своите обврски спрема нас, одлучивме да им направиме добрини поради нивното добро расположение спрема нас. 34#10,30-31; 1 Цар 1,1; 2 Цар 13,23; 1 Лет 8,11-12; Мт 27,57Освен тоа, ги потврдувам границите на Јудеја и на трите области: Аферема, Лида и Раматаим, кои се присоединети кон Јудеја од Самарија. За сите оние што принесуваат жртви во Ерусалим, го менуваме царското право, според кое порано царот секоја година го добивал делот од производите на нивната земја и од плодовите на овошните дрвја, 35#10,29како и од сѐ друго што ни припаѓа нам од десетокот и од даноците, приходите од солените езера и данокот од венците што ни припаѓа нам – отсега па натаму сето тоа наполно им го отстапуваме. 36И од сето тоа ништо нема да биде изменето отсега и засекогаш. 37И така, потрудете се да направите препис од ова и нека му биде предаден на Јонатан и да се положи во Светата Гора на определено место.“
Јонатан му помага на Димитриј Втори во Антиохија
38 # 10,67; 11,52 Кога виде царот Димитриј дека земјата се смири пред него и дека никој не му се противставува, ги распушти сите свои војски, секого во неговото место, освен странските војски, кои ги беше зел под наем од островите на други на­ро­ди, поради што сите војски на неговите предци го мразеа. 39Трифон, еден од претходните при­вр­заници на Александар, откако виде дека војските се бунтуваат против Ди­митриј, отиде кај Ималикуј Араб­ја­не­цот, кој го воспитуваше Антиох, мало­лет­ниот син на Александар, 40и побара од него да му го даде за да го направи цар место неговиот татко; му раскажа за сѐ што направил Димит­риј и за нерасположението на неговата војска против него, па остана со него многу денови. 41Тогаш Јонатан побара од царот Ди­митриј да ги повлече оставените од него војници од еруслимската тврдина, кои постојано ги напаѓале Израилците. 42Димитриј испрати луѓе да му кажат на Јонатан: „Не само што ќе го на­пра­вам ова за тебе и за твојот народ, туку ќе ви направам голема чест и тебе и на твојот народ, штом ќе се укаже прилика за тоа. 43Меѓутоа, ти би ми направил сега големо добро ако ми испратиш на по­мош луѓе за војна, зашто сите мои вој­ски се одметнаа од мене.“ 44Јонатан испрати во Антиохија три илјади храбри мажи; тие дојдоа кај ца­­рот и тој се израдува многу на нивното доаѓање. 45Тогаш околу сто и дваесет илјади луѓе се собраа среде град и сакаа да го убијат царот. 46Царот избега во дворецот, а луѓето ги зазедоа сите улици во градот и поч­наа да го опседнуваат. 47Тогаш царот ги повика Јудејците и тие веднаш се собраа кај него, а потоа се разотидоа по целиот град и тој ден убија околу сто илјади души во градот. 48го запалија градот, зедоа многу плен и му го спасија животот на царот. 49Кога жителите на градот видоа де­ка Јудејците го зазедоа целиот град, се обесхрабрија и извикаа кон царот: 50#6,58„Прости ни и нека престанат да нѐ напаѓаат Јудејците нас и нашиот град.“ 51Тогаш го положија оружјето и склучија мир. А Јудејците се прославија пред царот и пред сите негови пода­ници во царството и се вратија во Еру­салим со голем плен. 52Седна царот Димитриј на престолот на своето царство и се смири неговата земја пред него. 53Но тој измами и не го направи она што го вети, го изневери Јонатан; не са­мо што не се отплати за доброто што му беше направено, туку и силно го ожалости.
Јонатан и Антиох Шести против Димитриј Втори
54 # 11,39 Потоа се врати Трифон и со него Антиох, кој беше сеуште доста млад; Антиох се зацари и се круниса. 55Тогаш се собраа кај него сите вој­ски, кои Димитриј ги беше распуштил, и почнаа да војуваат против него; тој се даде во бегство и беше победен. 56А Трифон ги зеде слоновите и поч­на да владее во Антиохија. 57#5,3Младиот Антиох му ги напиша на Јонатан следниве зборови: „Ти го оста­вам првосвештенството и те поставувам за управител на четирите области; ти ќе би­деш во бројот на царските пријатели.“ 58#10,20.89Му испрати златни садови и покуќ­нина; му даде право да пие од златни ча­ши, да носи порфира и златна дијадема; 59а брат му Симон го постави за вој­сководец на земјите од Тирската област до границите на Египет. 60Јонатан отиде на обиколка во об­ласта преку Јордан и до нејзините градови; кај него се собраа сите сирски војски; кога дојде во Аскалон, сите жи­тели на градот со чест го пречекаа. 61Оттаму отиде во Газа, но жителите на овој град се затворија. Тој го опседна градот, и сите негови предградија со оган ги изгори и ги опустоши. 62Потоа жителите на Газа му се по­мо­лија на Јонатан, а тој се смилува на нив, но синовите на нивните старешини ги зеде за заложници и ги одведе во Ерусалим, потоа отиде дури до Дамаск. 63#Ис.Н. 12,22Јонатан слушна дека во Кедес, во Галилеја, дошле воените началници на Димитриј со многубројна војска за да го истераат од таа земја; 64тој отиде кон нив да ги пречека, а својот брат Симон го остави настрана. 65Симон постави логор кај градот Бет-Цур, го опседнуваше многу денови и го затвори. 66Тогаш опседнатите – истоштени, го замолија за мир, и тој се согласи, но ги истера од градот и завладеа со него. 67#Суд 4,2; Лк 5,1; Јн 6,1А Јонатан и неговите војски пос­та­вија логор кај Генисаретското Езеро и рано изутрина дојдоа во рамнината кај Асор. 68И, ете, непријателските војски се сретнаа со него во рамнината, откако во планината зад него оставија заседа против него, а војската, пак, сама одеше кон него од другата страна. 69Тогаш излегоа оние што беа во заседата и почнаа да го напаѓаат; а оние што беа со Јонатан, сите почнаа да бе­гаат, 70#2 Мак 11,17и ниеден од нив не остана, освен Мататија, синот на Авшалом, и Јуда, синот на Халфиј, заповедници на воените одреди. 71#Мт 26,65Јонатан ја раскина својата облека, со пепел си ја посипа главата и на Гос­под Му се помоли. 72Потоа се врати и се бореше со нив, ги разби и тие се разбегаа. 73Тогаш и оние што беа избегале од него, кога го видоа сето тоа, се вратија и заедно со него ги гонеа непријателите до Кедес, до самиот нивен логор и таму застанаа. 74Во тој ден од туѓинците паднаа три илјади мажи. Тогаш Јонатан се врати во Ерусалим.

Селектирано:

1 Макавејска 11: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се