Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 4

4
Павле и Коринтјаните
1 # Ефес 3,2; 1 Тим 3,9; Тит 1,7; 1 Птр 4,10 И така, секој човек нека нѐ смета нас за служители Христови и управници на Божјите таинства, 2а од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен. 3За мене ништо не значи да бидам су­ден од вас, или од судот на другите лу­ѓе; јас и самиот не се судам себе, 4зашто во ништо не се чувствувам ви­новен; но со тоа не сум оправдан: судија ми е Господ. 5#Мт 7,1; Рим 2,16.29Затоа, пак, не судете ништо пред­вре­ме, додека не дојде Господ, Кој ќе го изнесе на видело сокриеното во мракот и ќе ги објави намерите на срцата; и тогаш секој ќе прими пофалба од Бога. 6Ова браќа го применив на себе и на Аполос заради вас, за да се поучите од нас на онаа изрека: „Не мудрувајте повеќе од она што е напишано“, и да не се гордеете еден пред друг поради некого. 7Зашто, кој ти дава предимство? Што имаш, што не си примил? А штом си примил, зошто се фалиш, како да не си примил? 8#Откр 3,17Презаситени сте веќе, се збогативте веќе и се зацаривте без нас; камо среќа да се бевте зацариле, та и ние да царуваме со вас! 9#15,31; Рим 8,36; 2 Кор 4,11; Евр 10,33Мислам дека нас апостолите Бог нѐ прикажа најпоследни, како осудени на смрт, бидејќи станавме глетка за светот – на ангелите и на луѓето. 10Ние сме безумни заради Христа, а вие сте мудри во Христа; ние сме не­моќни, а вие сте силни; вие сте славни, а ние бесчесни. 11#2 Кор 4,8-12; 6,4-10; 11,23-27До овој час ние и гладуваме, и жеднееме, и необлечени одиме, нѐ бијат и скитаме по светов, 12се трудиме, работејќи со свои раце. Кога нѐ проколнуваат, ние благословуваме, а кога нѐ гонат – трпиме; 13кога хулат на нас, ние утешуваме. Станавме како ѓубриште на овој свет, како исфрлен смет од сите луѓе до сега.
Павловата татковска грижа
14 # 2 Кор 6,13; 1 Сол 2,7 Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве вразумам како мои возљубени чеда. 15#1 Сол 2,11; Фил 1,10Зашто, ако имате и десетина илјади учители во Христос Исус, сепак немате многу татковци, бидејќи јас ве родив во Исус Христос преку Евангелието. 16#11,1Затоа, ве молам, бидете мои под­ра­жаватели, како што сум јас на Христа! 17Браќа, затоа го пратив кај вас Ти­мотеј, кој ми е возљубено и верно чедо во Господ; тој ќе ви ги напомни па­тиш­тата мои во Христос, како што учам на­секаде и во секоја црква. 18Некои се возгордееја, како да не ќе дојдам кај вас; 19но наскоро ќе дојдам кај вас, ако сака Господ, и ќе ги познаам не збо­ро­вите, туку силата на оние што се возгордеале, 20#2,4; Мт 12,28; Мк 9,1; Рим 14,17; 15,13зашто царството Божјо не е во зборови, туку во сила. 21#2 Кор 10,2; Гал 6,1Што сакате? Со стап ли да дојдам кај вас, или со љубов и кроток дух?

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се