1
Римјаните 10:9
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен.
Спореди
Истражи Римјаните 10:9
2
Римјаните 10:10
Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен.
Истражи Римјаните 10:10
3
Римјаните 10:17
Сепак, верата доаѓа преку слушање, и тоа преку слушање на Радосната вест за Христос.
Истражи Римјаните 10:17
4
Римјаните 10:11-13
Светото Писмо вели вака: „Ниту еден од оние што веруваат во Него нема да се разочара!“ Без оглед на тоа дали се работи за Евреин или за припадник на некој друг народ. Единствениот Господ што постои е за сите и Тој е дарежлив спрема сите што бараат помош од Него. „Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен.“
Истражи Римјаните 10:11-13
5
Римјаните 10:15
А како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ? Затоа во Светото Писмо пишува: „Благословени се стапалата на луѓето што ја разгласуваат Радосната вест!“
Истражи Римјаните 10:15
6
Римјаните 10:14
Но како ќе Му се обраќаат на Господ, ако не веруваат во Него? А како ќе поверуваат, ако не чуле за Него? Како ќе чујат, ако некој не им проповеда?
Истражи Римјаните 10:14
7
Римјаните 10:4
Христос ја исполни целта на Законот. Сега сите што веруваат во Христос се здобиваат со праведност пред Бог.
Истражи Римјаните 10:4
Дома
Библија
Планови
Видеа