1
1 Јован 3:18
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Чеда Божји, треба вистински да се сакаме, не само на зборови, туку на дело, со нашите постапки во секојдневниот живот.
Спореди
Истражи 1 Јован 3:18
2
1 Јован 3:16
Кога Исус го даде сопствениот живот за нас, ние сфативме што значи да се има љубов. Така треба и ние да ги даваме нашите животи за други христијани.
Истражи 1 Јован 3:16
3
1 Јован 3:1
Погледнете колкава голема љубов покажа небесниот Татко спрема нас! Тој толку многу не засака, што не прифати како Свои чеда и ние сега навистина сме Божји чеда! Световните луѓе не Го познаваат Бога, па затоа и нас не не препознаваат како Божји чеда.
Истражи 1 Јован 3:1
4
1 Јован 3:8
А оној што продолжува да греши е на страната на Ѓаволот, зашто Ѓаволот греши уште од самиот почеток. Токму затоа и дојде Божјиот Син: да го уништи она што го прави Ѓаволот.
Истражи 1 Јован 3:8
5
1 Јован 3:9
Тој што е препородено Божјо чедо нема да продолжи да греши, бидејќи Божјото семе е во него. Тој е препородено Божјо чедо и не може да продолжи да греши.
Истражи 1 Јован 3:9
6
1 Јован 3:17
Како може некој да тврди дека ја има Божјата љубов, ако има световни богатства и гледа дека некој од христијаните е во материјална невола, а тој не сака да му помогне?
Истражи 1 Јован 3:17
7
1 Јован 3:24
Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив. Како знаеме дека Бог живее во нас? Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.
Истражи 1 Јован 3:24
8
1 Јован 3:10
Постои јасна разлика меѓу Божјите чеда и децата на Ѓаволот: секој што не постапува праведно, и што не ги сака другите христијани, не е Божјо чедо.
Истражи 1 Јован 3:10
9
1 Јован 3:11
Пораката што ја чувме од почетокот гласи: да се сакаме еден со друг.
Истражи 1 Јован 3:11
10
1 Јован 3:13
Според тоа, не чудете се, драги христијани, ако луѓето од овој свет ве мразат!
Истражи 1 Јован 3:13
Дома
Библија
Планови
Видеа