1
ОТКРОВЕНИЕ 6:8
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
MKB
И видов, и ете, сив коњ, а на оној, кој седеше на него името му беше смрт, и Подземјето идеше по него, и ним им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч и со глад и со помор и со дивите ѕверови на земјата.
Спореди
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:8
2
ОТКРОВЕНИЕ 6:2
И видов, и ете, бел коњ, а оној кој седеше на него имаше лак; и му беше дадена круна, и излезе победувајќи и да победи.
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:2
3
ОТКРОВЕНИЕ 6:9
И кога го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите на закланите заради Божјото слово и заради сведоштвото што го имаа.
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:9
4
ОТКРОВЕНИЕ 6:10-11
И извикаа со силен глас, велејќи: „До кога, свет и вистински Господару нема да судиш и да ја одмаздиш нашата крв над оние, кои живеат на земјата?“ И на секого од нив му беше дадена бела облека и им беше речено да починат уште малку време, додека не биде исполнет бројот на нивните сослужители и браќа, кои ќе бидат убиени како и тие.
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:10-11
5
ОТКРОВЕНИЕ 6:4
И излезе друг, црвен коњ, а на оној, кој седеше на него, му беше дадено да го земе мирот од земјата, за да се убиваат луѓето меѓусебно; и му беше даден голем меч.
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:4
6
ОТКРОВЕНИЕ 6:17
зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?“
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:17
7
ОТКРОВЕНИЕ 6:12-13
И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв, и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:12-13
8
ОТКРОВЕНИЕ 6:5-6
И кога го отвори третиот печат, го чув третото живо суштество како зборува: „Дојди и види!“ И видов, и ете, црн коњ, а оној, кој седеше на него, имаше терезија во својата рака. И чув како глас - меѓу четирите живи суштества да зборува: „Една мера пченица за денариј и три мери јачмен за денариј! А на маслото и виното не им нанесувај штета!“
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:5-6
9
ОТКРОВЕНИЕ 6:14-15
и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места. И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари
Истражи ОТКРОВЕНИЕ 6:14-15
Дома
Библија
Планови
Видеа