Во соништата, во ноќните виденија, кога длабок сон ги совладува луѓето и додека сонуваат цврсто на леглата, тогаш Тој му зборува на увото на човекот, и го плаши со морничави привиди, за да го одврати од неговите дела, да ја обори гордоста во човекот, да ја спаси неговата душа од јамата и неговиот живот да не падне од меч.