1
2 ЛЕТОПИСИ 20:15
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
MKB
Тој рече: „Слушајте, сите Јудејци, Ерусалимци и ти цару Јосафате! Господ ви зборува вака: ‘Не бојте се и не плашете се од тоа големо мноштво, зашто ова не е ваша војна, туку Божја.
Спореди
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:15
2
2 ЛЕТОПИСИ 20:17
Не треба да се биете; поставете се, стојте па гледајте како ќе ви помогне Господ.’ Еј Јудо и Ерусалиме, не бојте се и не плашете се; утре излезете пред нив, и Господ ќе биде со вас!“
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:17
3
2 ЛЕТОПИСИ 20:12
О Боже, зар нема да им судиш? Зашто во нас нема сила спрема тоа големо мноштво кое доаѓа на нас, ниту ние знаеме што да правиме, туку очите ни се насочени во Тебе.“
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:12
4
2 ЛЕТОПИСИ 20:21
Потоа се посоветува со народот и ги постави Господовите пејачи и фалители, кои ќе ја слават Неговата светост и ќе одат пред вооружените чети и ќе пеат: „Славете Го Господа зашто е вечна Неговата љубов!“
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:21
5
2 ЛЕТОПИСИ 20:22
Кога почнаа да воскликнуваат и да слават, Господ предизвика несогласност меѓу Амонците, Моавците и оние од Сирската Гора, кои излегоа против Јудеја та беа разбиени.
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:22
6
2 ЛЕТОПИСИ 20:3
Јосафат се исплаши и почна да Го бара Господа, та прогласи пост по сета Јудеја.
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:3
7
2 ЛЕТОПИСИ 20:9
’Кога ќе навали врз нас некакво зло, одмазднички меч или помор, или глад, та кога ќе застанеме пред овој Дом и пред Тебе, зашто Твоето Име е во овој Дом, и кога ќе извикаме кон Тебе во својата неволја, послушај нѐ и спаси нѐ.’
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:9
8
2 ЛЕТОПИСИ 20:16
Утре слезете против нив; тие ќе се искачуваат по Асиската Нагорница, а вие ќе ги сретнете на крајот на долината кон Јеруилската Пустина.
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:16
9
2 ЛЕТОПИСИ 20:4
Јудејците се собраа да Го бараат Господа: доаѓаа од сите јудејски градови за да Го бараат.
Истражи 2 ЛЕТОПИСИ 20:4