Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Изреки 3:5

Пресврт од емоционалните проблеми
3 дена
Кога животот не е во согласност со Божјиот Збор, речиси секогаш ќе доживееш болни последици. Кога твоите емоции не се во ред и почнуваат да ја одредуваат твојата благосостојба, може да се најдеш затворен во себеси и од таа состојба е многу тешко да се избега. Треба да најдеш соодветна рамнотежа и да научиш како да му веруваш на Бог. Дозволи му на Тони Еванс да ти го покаже патот до емоционалната слобода.

Спасени соништа
7 дена
Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта или развод. Независно од тоа дали поминуваш низ некоја тешка трагедија или се сносиш со загуба или едноставно ти е смачено да чекаш толку долго време, Божјиот сон за тебе е сеуште жив! Пријателе, сега е времето кога ќе почнеш да сонуваш пак.

Исус ме сака
7 дена
Каков би бил твојот одговор доколку некој те праша “Што треба да верувам за да кажам дека сум христијанин?“ Преку пеење на едноставни стихови од една песна, “Знам дека Исус ме сака, тоа го читам во Библијата”, еден новинар кој постанал пастор ќе ти помогне да разбереш во што веруваш и зошто. Најдобро продаваниот автор на книги Џон С. Дикерсон јасно и со вера ќе ги објасни основните христијански уверувања и даде моќно претставување на нивната важност.

Бојното поле на умот – Побожност
14 дена
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.