Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Филипјаните 4:6

Ослободи се од стравот
3 дена
Можеш да го надминеш чувството на страв. Д-р Тони Еванс во овој впечатлив план те води на патот до слободата. Како што ги применуваш принципите од овој план, ќе откриваш живот каков што од секогаш си посакувал, животот исполнет со среќа и мир.

Обнова на твојата радост
5 дена
Доколку сакаш да имаш радост во твојот живот, мораш да си направиш избалансиран распоред. Пасторот Рик Ворен ќе сподели на кој начин можеш да го прилагодиш твојот внес и изнес, за твојата дарежливост и примање да ти служи за обнова на радоста, наместо да ти одмага.

Наоѓање слобода од стрес
5 дена
Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.

Заветот
6 дена
Во овој план, шест брачни парови пишуваат за шест свадбени завети кои никогаш не ги кажале на олтарот. Овие завети за припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се заветите кои прават браковите да траат долго после свадбата. Независно дали сте во брак или само размислувате за тоа, време е да направите завет

Без анксиозност
7 дена
Што ако има подобар начин да се бориме против безконечните грижи кои те држат буден навечер? Вистинскиот одмор е достапен—можеби поблиску одколку што си замислуваш. Заменете ја паниката со мир преку овој 7-дневен Библиски план од Life.Church, придружувани од серијата пораки “Без анксиозност“ од пастор Крег Грошел.

Свети емоции - Библиски реакции за секој предизвик
30 Дена
Бог те створил и те поставил во овој момент од времето за да ги љубиш невозљубените, да зрачиш мир на сред сите превирања и да покажеш вистинаска радост во било каква ситуација. Ова можеби ти изгледа невозможно, но ова е остварливо само преку изучување на она што го вели Библијата за твоите природни човечки емоции и за тоа како да ги контролираш истите. Оваа посвета ги покрива вообичаените исто како и неверојатните предизвици со кои би се соочиле во секојдневието и ни овозможува Библиски референци до деловите кои ни укажуваат на тоа како да ги контролираме нашите емоции на Богоугоден начин.

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духот
30 Дена
„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.