Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Матеј 2:2

Божиќна приказна
5 дена
Во секоја добра приказна постои заплет—некој неочекуван момент што менува сè. Божиќната приказна претставува еден од таквите најголеми заплети во Библијата. Во текот на следните пет дена ќе го истражуваме тоа на кој начин овој единствен настан го смени светот и како може да го смени твојот живот уште денес.

Надежта од Божиќ
10 дена
За многумина, Божиќ стана една долга листа на нешта што треба да се направат, а која ги прави уморни и желни за 8ми Јануари. Во оваа серија на пораки пасторот Рик сака да ти помогне да се сетиш на причината зошто се слави Божиќ и зошто тоа не треба само да го промени начинот на кој ги славиш празниците, туку и остатокот од твојот живот.

божиќ о, дојдете да го прославиме!
20 дена
Овој четиринеделен, божиќен план за библиско проучување, е наменет да ни го привлече вниманието кон понизното доаѓање на Спасителот во нашите животи. Ова проучување вклучува четири приказни од евангелијата според Матеј и Лука. Ние ќе учиме за Господовиот божествен план за раѓањето на Исус Христос и ќе искусиме како е да се биде присутен на тие настани.