Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Живеј живот со цел!Примерок

Живеј живот со цел!

6 ДЕН ОД 7

„Служи им на другите”

Дефиницијата за служење едноставно е да се биде достапен за да се одговори на нечија потреба. На таа достапност може ќе ѝ треба нашето време, талент, извори и труд; Но служењето од љубов кон Бога и за другите може да биде едно од најрадосните и најнаградувачките животни искуства.

Служењето на потребите на другите може да биде на многу начини и може да се фокусира како на потребите на христијаните така и на нехристијаните истовремено. Секогаш има можност да се служи во локалната црква индивидуално или како дел од тим. Ти Навистина имаш нешто неверојатно што можеш да го понудиш!

Исто така има и можности кои произлегуваат при едноставен контакт со луѓе еден на еден, или едноставно со исполнување на нечии потреби со безрезервна помош.

На каков и начин да помагаш, без разлика дали со време, извори, талент или едноставно охрабрувачки збор е дело на служење. Но Бог исто така разбира дека ние имаме ограничен капацитет во она што ние го нудиме, па Тој од нас очекува да покажеме одговорност и добро раководење кога се посветуваме.

Желбата на Бога е весело да даваме сè од себеси. Додека понекогаш е тешко некои од нас да кажат не, вистината е дека кога се протегаме над нашата способност тоа може да нè осиромаши од безгрижноста и веселоста која Бог сака да ја имаме кога служиме.

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Живеј живот со цел!

Радосното живеење со цел е врз основата на врските, љубовта и верата. Ако бараш повеќе јаснотија за Божјиот план во твојот живот, влучи го овој план за да ти помогне да ги фокусираш своите потрага и откритие. Преземено ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност