Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Живеј живот со цел!Примерок

Живеј живот со цел!

2 ДЕН ОД 7

„Клучеви до успешна врска”

Секоја врска, без разлика дали е со пријател, член на семејството па дури и со Бога, има два основни компоненти кои ја прават да биде успешна: љубовта и вниманието кое се споделува помеѓу личностите и покажувањето на таа љубов на дело.

Вистината е дека вистинската љубов секогаш е придружувана од акција; вистинскиот пријател кога ќе го види другиот во неволја секако дека ќе му помогне. Истото е така со нашата врска со Бога. Вистинската љубов кон Бога е придружена со дела; да се допре срцето на Бога е да се допрат животите на оние околу нас.

Изнесувањето на најдоброто во нашите врски започува со нашата врска со Бога. Всушност Бог бара нашите врски со другите да бидат продолжение на нашата врска со Него.

Како верници, нашата вертикална врска со Бога и нашата хоризонтална врска еден со друг се најважни за Бога – да го сакаме Него и да ги сакаме другите.

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Живеј живот со цел!

Радосното живеење со цел е врз основата на врските, љубовта и верата. Ако бараш повеќе јаснотија за Божјиот план во твојот живот, влучи го овој план за да ти помогне да ги фокусираш своите потрага и откритие. Преземено ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност