Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Живеј живот со цел!Примерок

Живеј живот со цел!

5 ДЕН ОД 7

„Биди ефективен сведок”

Да се знае како да се биде ефективен сведок во нашиот секојдневен свет се отпочнува со разбирањето на она што Бог сака да воочат другите во нашите животи. Краткиот одговор е секако, Исус. Но што значи тоа?

Исус ни даде одличен пример за тоа како Бог сака ние да живееме. Додека Исус го живееше својот ран живот во свет многу поинаков од нашиот денес, Тој го отелотвори целиот карактер на Бога и ни даде вистински пример за нашиот модерен свет.

Божјиот карактер е она што тој сака да го развиеме во нашите животи и тоа да биде видливо за другите. Ова се постигнува само преку нашата лична врска со Исус.

Како што гранката која останува во лозата од која се здобива со живот ќе биде плодна, така и ние кои остануваме поврзани со Исус – сме плодни – или го покажуваме карактерот на Бога низ нашите животи на другите.

Кога Божјиот карактер работи низ нас и преку нас – Неговата љубов, радост, мир, трпение, милост, добрина, верност, нежност и самоконтрола, ние стануваме ефективни сведоци кои во целост ги живееме нашите секојдневни животи.

Како што беше и во времето на Исус, надворешното, активно изразување на Божјиот карактер преку нашите животи – плодот на Светиот Дух – е непогрешливо. Го привлекува вниманието како на христијаните така и на оние кои не веруваат, и не е невообичаено за некого да се прашува за тоа.

Биди подготвен. Некој можеби те набљудува и те испрашува кога најмалку очекуваш.Твоето лично сведоштво за спасението и за прекрасното и постојаното дејствување на Бога во твојот сопствен живот е одлична појдовна точка. Поканете ги во вашата црква или партнерство и охрабрете ги како што ја истражуваат врската со Бога!

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Живеј живот со цел!

Радосното живеење со цел е врз основата на врските, љубовта и верата. Ако бараш повеќе јаснотија за Божјиот план во твојот живот, влучи го овој план за да ти помогне да ги фокусираш своите потрага и откритие. Преземено ...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност