Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Твојата најдобра инвестиција! Примерок

Твојата најдобра инвестиција!

5 ДЕН ОД 5

„Применувај ги Божјите начела секој ден”

„Твоето слово е светилник на нозе¬те мои и светлина за патеката моја“. – Псалм 119:105

За христијаните, Божјиот Збор ни дава просветлувачка моќ во она што понекогаш е темен свет. Божјиот Збор единствено ќе стане извор на светлина ако сме отворени за неговите вистини и ако му дозволиме длабоко да продре во нашите животи. Исус го опишува ова во споредбата која се наоѓа во Матеј:

„И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее; и кога сееше, едни зрна паднаа по¬крај патот; долетаа птици и ги ис¬кол¬ваа. Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше дла¬бока. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се ису¬ши¬ја. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет“. – Матеј 13:3 -8

Семето во приказната ја претставува Библијата, и разновидните услови на земјата ја претставуваат нашата спремност и волја да го примиме Божјиот Збор. Забележете дека не сите семиња посеани од страна на фармерот го даваат истиот резултат кој тој го барал, само семињата кои биле посеани на добра земја. Прочитај го Матеј 13:18-23 каде што Исус ја објаснува приказната. Одржувањето на добра земја во нашите животи значи дека ние му дозволуваме на Божјиот збор да продре во нашите мисли и да повлијае на мотивите и ставовите на нашите срца.

„Зашто, словото Божјо е живо и деј¬ствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозо¬кот, и ги проценува мислите и намерите на срцето“. – Евреите 4:12

Ден 4

Опис за овој план

Твојата најдобра инвестиција!

Стекнувањето благословена и изобилна придобивка започнува со правење на вистинската инвестиција. Ако си нов христијанин, нема поголема инвестиција којашто можеш да ја направиш во твојата вера отколку редовното користење...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност