Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Твојата најдобра инвестиција! Примерок

Твојата најдобра инвестиција!

2 ДЕН ОД 5

„Преглед на Библијата”

Библијата е исполнета со безвременски принципи, јасни упатства и важни примери за живеење на избалансиран, исполнет и благословен живот како христијанин. Всушност, Божјиот збор никогаш не бил, ниту пак некогаш ќе биде неважен, без разлика на промената на времињата и сезоните и е достапен да нè подготви и опреми за да ја исполниме Божјата Цел за нашите животи.

„Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поп¬равање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро де¬ло“. – 2 Тимотеј 3:16 -17

Библијата може да биде сфатена како интимен пишан израз на Бога и сето тоа што Тој го претставува за човештвото. Подолу се некои потточки за ни помогне да дефинираме што тоа значи:

1 - Библијата е Божјиот опиплив израз на љубов. Зборува за Неговите особини и карактер, Неговите комуникација и заповеди, и најпосле Неговиот целосен израз на љубов за секоја личност која некогаш живеела.

2 - Билијата е вдахновена од Бога. Додека 66 книги од Библијата биле физички напишани од многу автори, секоја личност била директно иснспирирана од Бога преку Светиот Дух да го напише она што го напишала.

3 - Библијата е Божјиот авторитет за нашите животи. И најпосле, бидејќи Библијата се Божјите писма за човештвото и списите кои се содржани внатре се вдахновени од Бога, Неговиот Збор го носи истиот авторитет над нашите животи како Самиот Бог.

Божјиот Збор е еден од најважните основи на нашиот духовен раст и зрелост во Бога. За целосно да дозволиме семињата на Божјиот Збор да процветаат во нашите животи, ние треба да ги засадиме тие семиња со читањето, развивањето на нашето разбирање за него и потоа применувањето на истото во нашите животи.

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Твојата најдобра инвестиција!

Стекнувањето благословена и изобилна придобивка започнува со правење на вистинската инвестиција. Ако си нов христијанин, нема поголема инвестиција којашто можеш да ја направиш во твојата вера отколку редовното користење...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност