Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Твојата најдобра инвестиција! Примерок

Твојата најдобра инвестиција!

4 ДЕН ОД 5

„Прошири го своето знаење”

Развивањето на разбирање за Божјиот збор е дејност која трае цел живот. Нема да се случи преку ноќ. Но има одредени пристапи кои може да го потхрануваат по разбирливото разбирање. Еве неколку примери:

1 - Обезбеди си некои алатки. Има повеќе видови на помош при проучувањето кои ќе ти помогнат подобро да го сфатиш она што го читаш. На пример, има Библии за проучување, индекси и водичи за проучување по теми кои се достапни и онлајн и во книжевно издание.

2 - Вклучи се во тим за проучување на Библијата или мала група за да се комуницираш со други Христијани и да набљудуваш како другите го применуваат Божјиот Збор во нивните животи.

3 - Имај план. За оние кои навистина се амбициозни во личното време за читање, има неколку планови кои се достапни на апликацијата „The Bible“ од „YouVersion“ за да им помогне во водењето низ целата Библија. Многу од нив ќе ти помогнат да поминеш низ целата Библија за една година – и тоа е вредно достигнување во најмала рака! Колку повеќе поминуваш време во Неговиот збор, толку подобро разбирање ќе добиеш за него. Како што го правиш тоа, ти исто така ќе откриеш дека Бог ќе ти помогне да разбреш што точно треба да знаеш за времето од животот во кое се наоѓаш.

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Твојата најдобра инвестиција!

Стекнувањето благословена и изобилна придобивка започнува со правење на вистинската инвестиција. Ако си нов христијанин, нема поголема инвестиција којашто можеш да ја направиш во твојата вера отколку редовното користење...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност