YouVersion Logo
تلاش

Матеј 28

28
1А по саботата, на осамнување на првиот седмичен ден, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот.
2И ете, стана голем земјотрес, зашто Господов ангел слезе од небото, пристапи и го одмести каменот и седна на него.
3А лицето му светеше како молња, а неговата облека - бела како снег.
4Од страв пред него, стражарите трепереа и станаа како мртви.
5Тогаш ангелот проговори и им рече на жените: „Вие не бојте се! Зашто знам дека Го барате распнатиот Исус.
6Го нема тука, зашто воскресна, како што рече! Дојдете и видете го местото каде што лежеше,
7и отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите и - ете - Тој оди пред вас во Галилеја. Таму ќе Го видите! Ете, ви кажав!”
8И тие излегоа веднаш од гробот, со страв и со голема радост, и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици.
9И ете, Исус ги пресретна и рече: „Здраво!” А тие се приближија при Него, Му се фатија за Неговите нозе и Му се поклонија.
10Тогаш Исус им рече: „Не бојте се! Одете и соопштете им на Моите браќа, да отидат во Галилеја; и таму ќе Ме видат.”
11А кога одеа, ете, некои од стражарите дојдоа во градот и им соопштија на првосвештениците за сè што беше станало.
12И се состанаа со старешините, и се советуваа, и им дадоа на војниците многу сребреници
13и им рекоа: „Кажете дека Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа, додека ние спиевме.
14И ако за ова чуе управителот, ние ќе го убедиме и ќе ве направиме да немате грижа.”
15А тие ги зедоа сребрениците и постапија, како што ги подучија. И тоа слово се разгласи меѓу Јудејците до денес.
16А Единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше определил Исус.
17И штом Го видоа, Му се поклонија, а некои се сомневаа.
18Тогаш Исус им се приближи и им рече: „Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата.
19Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!
20И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”

موجودہ انتخاب:

Матеј 28: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔