YouVersion Logo
تلاش

Матеј 1

1
1Книга на родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов:
2На Авраама му се роди Исак, на Исака му се роди Јаков, на Јакова му се родија Јуда и неговите браќа.
3На Јуда му се родија Фарес и Зара од Тамара, на Фареса му се роди Есром, а на Есрома му се роди Арам,
4на Арама му се роди Аминадав, на Аминадава му се роди Насон, на Насона му се роди Салмон;
5на Салмона му се роди Вооз од Рава, на Вооз му се роди Овид од Рута, на Овида му се роди Јесеј;
6на Јесеја му се роди цар Давид. На цар Давид му се роди Соломон од Уриевата жена.
7На Соломона му се роди Ровоам, на Ровоама му се роди Авија, на Авија му се роди Аса,
8на Аса му се роди Јосафат, на Јосафата му се роди Јорам, на Јорама му се роди Озија,
9на Озија му се роди Јоатам, на Јоатама му се роди Ахаз, на Ахаза му се роди Езекија,
10на Езекија му се роди Манасија, на Манасија му се роди Амон, на Амона му се роди Јосија,
11на Јосија му се родија Јехонија и неговите браќа во времето на преселувањето во Вавилон.
12По Вавилонската преселба, на Јехонија му се роди Салатиел, на Салатиела му се роди Зоровавел,
13на Зоровавела му се роди Авијуд, на Авијуда му се роди Елијаким, на Елијакима му се роди Азор,
14на Азора му се роди Садок, на Садока му се роди Ахим, на Ахима му се роди Елијуд,
15на Елијуда му се роди Елеазар, на Елеазара му се роди Матан, на Матана му се роди Јаков,
16на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос.
17И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет родови; и од Давида до преселбата во Вавилон четиринаесет родови; и од преселбата во Вавилон до Христа четиринаесет родови.
18А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога Неговата мајка Марија беше свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух.
19А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно.
20Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.
21Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.”
22А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели:
23”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!”
24А кога Јосиф се разбуди од сонот, направи како што му заповеда Господовиот ангел, ја зеде својата жена.
25И не ја позна, додека таа не Го роди нејзиниот Син, Првородениот; и тој Го нарече Исус.

موجودہ انتخاب:

Матеј 1: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔