YouVersion Logo
تلاش

МАЛАХИЈА 4

4
1„Зашто еве, доаѓа ден вжарен како печка; горделивите и злосторниците ќе бидат како плева: денот кој наближува, ќе ги изгори - говори Господ над Воинствата - та нема да им остави ни корен ни гранче. 2А вам, кои се боите од Моето име, ќе ви изгрее сонцето на правдата со здравје во крилјата, и вие ќе излегувате потскокнувајќи како телиња на пасење. 3И ќе ги газите беззакониците како прав под нозете во Денот што го подготвувам - говори Господ над Воинствата.
Г. Заклучок
1. Заповед за послушност
4Спомнете си за Законот на Мојсеја, Мојот слуга кому на Хорив му ги пропишав законите и уредбите за сиот Израел.
2. Илиево доаѓање пред Господов Ден
5Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен. 6Тој ќе ги обрне срцата на татковците кон синовите, а срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство.“

موجودہ انتخاب:

МАЛАХИЈА 4: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in