Матеј 8

8
ГЛАВА 8
1Акога слезе од планината, по Него врвеше многу народ.
2И ете, се приближи еден лепрозен, Му се клањаше и говореше: – Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.
3А Исус, кога ја пружи раката, се допре до него и рече: – Сакам, очисти се! И тој веднаш се очисти од лепрата.
4И му рече Исус: – Гледај, никому не кажувај; а оди, покажи се на свештеникот и принеси дар, каков што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.
Крај на саботата
(Зачало 25)
5Акога влезе#Недела четврта по Педесетница: Во она време, кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше, говорејќи:
6– Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.
7Исус му рече: – Ќе дојдам и ќе го излекувам.
8А стотникот одговори и рече: – Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави;
9зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден: оди, и тој оди; на другиот: дојди, и тој доаѓа; и на слугата: направи го тоа, и тој прави.
10Кога го чу тоа Исус, се восхити и им рече на оние што врвеа по Него: – Вистина ви велам, ниту во Израилот не најдов толку голема вера.
11И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и Запад и ќе седнат на трпезата со Авраама, Исаака и Јакова во царството небесно,
12а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.
13И му рече Исус на стотникот: – Оди си, и како што си поверувал, нека ти биде! И слугата негов во истиот час оздраве.
Крај на неделата
(Зачало 26)
14Кога#Сабота четврта по Педесетница: Во она време, кога дојде во домот на Петра, Исус ја виде тештата негова како лежи болна од треска,
15и се допре до раката нејзина, и треската ја остави; таа стана и им служеше.
16А кога се стемни, доведоа при Него мнозина бесни, и Он со еден збор, ги изгони духовите и ги излечи сите болни,
17за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде на Себе нашите немошти и ги понесе болестите“.
18Кога виде Исус околу Се бе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна.
19И откако се приближи до Исуса еден книжник, Му рече: – Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.
20А Исус му рече: – Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.
21Друг, пак, од учениците Негови Му рече: – Господи, дозволи ми, најнапред да отидам да го погребам татко ми.
22Но Исус му рече: – Врви по Мене, и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци.
(Зачало 27)
23И кога влезе во коработ,#Четврток од втората седмица по Педесетница: Во она време, кога Исус влезе во коработ по Него влегоа и учениците Негови.
Крај на саботата
24И ете, настана голема бура во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Он спиеше.
25Тогаш се приближија учениците до Него, Го разбудија и рекоа: – Господи, спаси нѐ! Загинуваме!
26А Он им рече: – Маловерни, зошто сте плашливи? Тогаш стана, им заповеда на ветровите и на морето, и настана голема тишина.
27А луѓето се зачудија и рекоа: – Кој е Овој, та и ветровите и морето Му се покоруваат?
Крај на четвртокот
(Зачало 28)
28И кога пристигна на другата страна во#Недела петта по Педесетница: Во она време, кога дојде Исус во земјата гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, кои излегуваа од гробовите; беа толку лоши што никој не смееше да мине по тој пат.
29И ете, извикаа и рекоа: – Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји? Зар си дошол тука предвреме да нѐ мачиш?
30А далеку од нив пасеше голем број свињи.
31И, бесовите Го молеа, велејќи: – Ако нѐ изгониш, позволи ни да отидеме во свињине.
32И Он им рече: – Отидете! И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш се стрчаа низ стрмнината во морето, и се издавија во водата.
33А свињарите побегнаа и, штом дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она, што беше се случило со бесните.
34И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и кога Го видоа, Го молеа да си отиде од нивниот крај.

موجودہ انتخاب:

Матеј 8: MK2008

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔