Матеј 24

24
Навестување за разурнувањето на храмот во Ерусалим
(Мк 13,1-2; Лк 21,5-6)
1И кога излезе Исус од храмот и си одеше, се приближија до Него учениците Негови за да Му ги покажат зградите на храмот. 2#Лк 19,44А Исус им рече: „Го гледате ли сето тоа? Вистина, ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, а да не биде ур­нат.“
Неволји и прогонства
(Мк 13,3-13; Лк 21,7-19)
3 # 5,1; 10,23; 13,39; 1 Кор 15,23; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15; 5,23; 2 Сол 2,1.8; Јк 5,7-8; 2 Птр 3,4.12; 1 Јн 2,28 И кога седеше во Маслиновата Гора, дојдоа кај Него учениците Негови на­са­мо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?“ 4#Ер 29,8; Откр 12,9А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој; 5#Ер 14,14зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ‚Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. 6#Дан 2,28Ќе слушате за војни и повици на војни. Гледајте да не се уплашите, зашто сето тоа треба да биде; но тоа уште не е крајот. 7#Ис 19,2; 2 Лет 15,6Зашто ќе се крене народ против на­род, и царство против царство, и на раз­ни места ќе има глад, помор и потреси; 8#Ис 13,8; Ос 13,13; Јн 16,21; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2а сето тоа е почеток на страдањата. 9#Јн 15,18Тогаш ќе ве предадат на мачење и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од си­те народи, заради Моето име. 10Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат и еден со друг ќе се мразат; 11#7,15; 2 Птр 2,1многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; 12#Лк 18,8; 2 Сол 2,3и бидејќи беззаконијата ќе се ум­но­жат, кај мнозина љубовта ќе олади. 13#10,22.32А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен. 14#26,13; 28,19; Мк 16,15; Рим 10,18И ќе биде проповедано ова Еван­ге­лие за царството по целиот свет, за све­доштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“
Гнасниот пустошник
(Мк 13,14-23; Лк 21,20-24)
15 # Дан 9,27; 11,31; 12,11 „Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за кој зборува пророкот Даниел – кој чи­та нека разбере, 16тогаш оние, што се наоѓаат во Ју­де­ја, нека бегаат по планините; 17#Лк 17,31кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја; 18#1 Мојс 19,26и кој е на нива, нека не се враќа до­ма за да ги земе алиштата свои! 19#Лк 23,29Но тешко на бремените и на доил­ките во тие дни! 20Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме или во сабота; 21#Дан 12,1; Откр 7,14; 16,18зашто тогаш ќе има страдања, как­ви што немало од почетокот на светот па досега, ниту, пак, ќе ги има. 22И ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни. 23#Лк 17,21.23Тогаш, ако ви каже некој: ‚Еве, ов­де е Христос‘ или ‚таму е‘ – не верувај­те! 24#5 Мојс 13,2-4; 2 Сол 2,3-4.9Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните. 25Ете, однапред ви кажав. 26И така, ако ви речат: ‚Ете, Тој е во пустината‘ – не излегувајте; или, ‚ете, во тајна соба е‘ – не верувајте! 27#8,20Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. 28#Јов 39,30; Лк 17,37; Јн 7,27Зашто, каде што е мршата, таму се собираат и орлите.“
Враќањето на Синот Човечки
(Мк 13,24-27; Лк 21,25-28)
29 # Ис 13,10; 34,4; Амос 8,9 „И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвезди ќе паѓаат од небото, и силите небески ќе се разнишаат. 30#16,27; 26,64; 2 Мојс 19,16; 34,5; Зах 12,10-12; Дан 7,13; 7,14; Откр 1,7Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат си­те земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните об­ла­ци, со голема слава и сила; 31#13,41; 5 Мојс 30,3-4; Неем 1,9; 1 Сол 4,16и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас, и ќе ги соберат Не­говите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.“
Споредба со смоквата
(Мк 13,28-31; Лк 21,29-33)
32„Со смоквата направете споредба: штом ќе се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу ле­тото. 33#Јк 5,9; Откр 3,20Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата. 34#10,23; 16,28; Ис 51,6Вистина ви велам: нема да мине овој род додека сето тоа не се исполни. 35#5,18; Пс 102,26Небото и земјата ќе минат, но збо­ровите Мои нема да минат.“
Денот и часот – непознати!
(Мк 13,32-37; Лк 17,26-30.34-35)
36 # Зах 14,7; Мк 13,32.35; Дела 1,7 „А за тој ден и час никој не знае, ни­ту ангелите небесни, туку само Мојот Отец; 37но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; 38#1 Мојс 7,7.13; 2 Птр 3,6зашто, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се ма­жеа до оној ден кога Ное влезе во ков­че­гот, 39#1 Сол 5,3и не сфатија додека не дојде по­то­пот и истреби сѐ – така ќе биде и доа­ѓа­њето на Синот Човечки. 40Тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе биде земен, а другиот ќе биде ос­та­вен; 41две жени ќе мелат со рачна мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена. 42#25,13; Лк 12,37.39-40; 1 Сол 5,1.6Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Гос­под. 43#1 Сол 5,2.4; Откр 3,3Знајте го и тоа: кога домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде кра­де­цот, тој би останал буден и не би дозволил да му провалат во куќата. 44Затоа и вие треба да бидете подгот­вени, зашто Синот Човечки доаѓа во ча­сот кога не очекувате.“
Верни и неверни служители
(Лк 12,41-48)
45 # Пс 104,27; 105,21; Лк 12,42 „Кој е, пак, тој верен и мудар слуга, кого ќе го постави господарот негов над слугите свои да им дава навреме храна? 46Блазе на тој слуга, кого, кога ќе дојде господарот негов, го наоѓа дека постапува така; 47#19,28; 25,21.23вистина ви велам дека над целиот свој имот ќе го постави него. 48#2 Птр 3,4Ако, пак, тој слуга е лош и си рече во срцето свое: ‚Господарот мој уште за долго време нема да дојде‘, 49па почне да ги тепа другарите свои и да јаде и пие со пијаниците, 50#24,42господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува, и во час што не го знае; 51#8,12и ќе го исече на парчиња, и ќе му даде еднаква награда со лицемерите; та­му ќе биде плач и крцкање со заби.“

موجودہ انتخاب:

Матеј 24: MK2006

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔