Матеј 17

17
Христовото преображение
(Мк 9,2-9; Лк 9,28-36)
1 # 26,37; Јн 21,2 А по шест дни Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јо­ван, и ги изведе на висока гора сами; 2#28,3; Дан 7,9; 2 Птр 1,16-18и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. 3#11,14; 2 Мојс 33; 5 Мојс 18,15.18; 1 Цар 19,9-14И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него. 4#5 Мојс 16,13Тогаш Петар Му одговори на Исус и рече: „Господи, добро ни е да бидеме ов­де; ако сакаш ќе направам тука три ко­либи: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ 5#3,17; 2 Мојс 13,21; 19,16; 24,15-16; 40,34-35; 1 Цар 8,10-12; Ис 42,1; Дела 1,9; 2 Птр 1,17Додека уште говореше, ете, ги за­се­ни светол облак; и се чу глас од облакот кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него по­слушајте Го!“ 6#27,54И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. 7Но Исус, штом се приближи, се доп­ре до нив и им рече: „Станете и не пла­шете се!“ 8А тие, кога ги подигнаа очите, не ви­доа никој друг освен Исус. 9#8,4; 8,20Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“
За Илија
(Мк 9,11-13)
10 # Мал 3,23-24 Потоа учениците Негови Го пра­шаа, говорејќи: „Зошто, пак, книж­ни­ците велат дека најнапред треба да дој­де Илија?“ 11#19,28Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ; 12#11,14; 20,17-19; Лк 1,17но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“ 13#11,10-14Тогаш учениците разбраа дека Тој им зборува за Јован Крстител.
Исус ослободува од демони
(Мк 9,14-29; Лк 9,37-43)
14 # Мк 1,40; 10,17 Кога дојдоа кај народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена 15и рече: „Господи, смилувај се на мо­јот син, зашто при нова месечина го на­паѓа зол дух и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода; 16го одведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ 17#12,39; 5 Мојс 32,5.20; Дела 2,40; Фил 2,15А Исус одговори и рече: „О, роде безверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“ 18#8,29; 15,28; Мк 1,25; 5,8; Јн 4,52-53И му нареди Исус на демонот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час. 19Тогаш учениците пристапија кон Исус насамо и Му рекоа: „Зошто не можевме ние да го истераме?“ 20#13,58; 21,21; Мк 11,22-23; 1 Кор 13,2А Исус им рече: „Заради вашето безверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму!‘ И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно. 21#Мк 9,29(Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.)“
Исус повторно ги најавува Својата смрт и воскресение
(Мк 9,30-32; Лк 9,43-45)
22 # 17,12; 20,17-19; 2 Сам 24,14 # Дела 10,40 А кога беа во Галилеја, Исус им ре­че: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, 23и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ И тие многу се нажалија.
За храмовниот данок
24 # 2 Мојс 38,26 А кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми#17,24 дидрахми – данок што се плаќал за одржување на храмот.?“ 25Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од сво­ите синови или од туѓи?“ 26Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите не пла­ќаат; 27#5,29; Рим 14,13; 1 Кор 8,13но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја от­вориш устата, ќе најдеш статир#17,27 статир – монета вредна две дидрахми.; земи го и подај им го за Мене и за себе!“

موجودہ انتخاب:

Матеј 17: MK2006

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔