YouVersion Logo
تلاش

Матеј 12

12
Прашања околу саботата
(Мк 2,23-28; Лк 6,1-5)
1 # 2 Мојс 20,8 Во тоа време, една сабота, Исус минуваше преку нивите, а уче­ниците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. 2#2 Мојс 34,21; 5 Мојс 5,14; Јн 5,10Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, учениците Твои го прават она што не треба да се прави во сабота!“ 3#1 Сам 21,2-7А Тој им рече: „Не сте ли читале што направи Давид, кога огладне тој и оние што беа со него? 4#3 Мојс 24,5-9Како влезе во домот Божји, ги изеде лебовите од жртвеникот, што не тре­ба­ше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, туку само свештениците. 5Или, не сте ли читале во Законот де­ка во саботен ден свештениците ја на­ру­шуваат саботата и пак не се виновни? 6#12,41-42Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот; 7#9,13; 1 Сам 15,22; Ос 6,6; Јн 5,16-17и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините; 8#8,20Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“
Исус исцелува човек со исушена рака
(Мк 3,1-6; Лк 6,6-11)
9И штом замина оттаму, дојде во си­на­гогата нивна. 10#Лк 11,54; 20,20; Јн 8,6И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обви­нат, Го прашаа Исус: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“ 11#5 Мојс 22,4; Лк 14,5А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во саботен ден во јама, што не ќе ја прифати и из­ва­ди? 12#6,26; 10,31; Јн 5,9; 9,14А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е до­пуштено да се прави добро.“ 13Тогаш му рече на човекот: „Испру­жи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата. 14#27,1; Мк 11,18; Јн 5,16.18А фарисеите, штом излегоа, се до­говорија како да Го погубат. Но Исус кога разбра, се оддалечи оттаму.
Божјиот Избраник
15 # Мк 3,7-10; Лк 6,17-19 И тргна по него многу народ и Тој ги исцели сите. 16И им забрани да разгласуваат за Него. 17#1,22За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: 18#Ис 42,1-4„Ете Го слугата Мој; Него Го из­брав, Мојот возљубен, што го благоволи Мојата душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им об­ја­ви правда. 19Нема да се кара, ниту ќе вика, и ни­кој нема да го чуе гласот Негов по крс­топатите. 20Трските прекршени нема да ги до­крши, ниту запалените светила ќе ги угасне, додека не го доведе судот до по­беда. 21#Рим 15,12И во Неговото име народите ќе ја положат својата надеж.“
Исус и Велзевул
(Мк 3,20-30; Лк 11,14-23)
22 # 8,29; 9,27-33 Тогаш доведоа кај Него еден бесомачен од зол дух, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот про­гледа и проговори. 23#1,1; Јн 4,29; 7,26И сиот народ се чудеше и велеше: „Да не е Овој Христос, синот Давидов?“ 24#9,34; 2 Цар 1,2; Мк 3,22; Јн 10,19-21А фарисеите, штом го чуја тоа, ре­коа: „Тој не ги истерува демоните на друг начин освен преку Велзевул, на­чалникот на демоните!“ 25#9,4Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раз­дели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на противни групи, ќе пропадне. 26И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш ка­ко може да се запази царството негово? 27И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, синовите ваши, пре­ку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии. 28#3,2.16; 8,29; Мк 1,15; Дела 10,38Ако, пак, Јас истерувам демони со Духот Божји, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. 29#Ис 49,24-25; Мк 3,27; Јн 12,31Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата? 30#13,30; Мк 9,40; Лк 9,50Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура. 31#2 Мојс 34,9; Мк 3,28-29; 1 Тим 1,13; 1 Јн 5,16Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето. 32#8,20; Лк 12,10; Јн 8,21; Евр 6,4-6; 10,26-31И ако некој каже збор против Си­нот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет.“
Според дрвото – и плодовите!
(Лк 6,43-45)
33 # 7,16-20; Лк 6,44 „Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото. 34#3,7; 15,18; 23,33; Лк 3,7Змиски рожби! Како можете да го­ворите добро, кога сте лоши? Зашто ус­тата го зборува она што излегува од преполнетото срце. 35Добриот човек од доброто со­кро­виште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште – лошо. 36#Изреки 10,14; Јк 2,20; 3,2.5-6И ви велам дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одгова­раат на судниот ден; 37#Лк 19,22зашто по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден.“
Знакот на Јона
(Мт 16,1-4; Мк 8,11-12; Лк 11,29-32)
38 # 16,1; Суд 6,17; Јн 6,30; 1 Кор 1,22 Тогаш некои од книжниците и фа­рисеите одговорија и рекоа: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе!“ 39#16,4; 5 Мојс 32,5.20; Лк 11,29; Дела 2,40; Фил 2,15А Тој им одговори и рече: „Лукав и прељуботворен род бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; 40#8,20; Јона 2,1зашто, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи. 41#Ез 3,6-7; Јона 3,5.8Ниневјаните ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се по­кајаа од проповедта на Јона; а ете, тука има поголем од Јона. 42#12,6; 1 Цар 10,1-10.24; Јн 6,35И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто таа дој­де од крај земја за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу поголем од Соломон.“
За нечистите духови
(Лк 11,24-26)
43 # 8,29; Ис 13,21-22 „Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој и не го наоѓа; 44тогаш ќе рече: ‚Да се вратам во мо­јот дом, откаде што излегов.‘ И штом дојде го наоѓа празен, изметен и уреден. 45#Лк 8,2; Јн 5,14; 2 Птр 2,20Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе вле­зат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој пакосен род.“
Вистинското семејство на Исус
(Мк 3,31-35; Лк 8,19-21)
46 # 3 Мојс 10,4; 5 Мојс 33,9; Јн 7,3.5 Додека му зборуваше на народот, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него. 47Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“ 48#Лк 2,49-50Тој му одговори на оној што Му зборуваше и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“ 49И покажувајќи со рака на уче­ни­ци­те Свои рече: „Еве ја Мојата мајка и еве ги Моите браќа! 50#7,21; 8,21-22; 10,37; Лк 11,27-28Зашто кој ја исполнува волјата на Мојот небесен Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“

موجودہ انتخاب:

Матеј 12: MK2006

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in