Матеј 1
1
Родословот на Господ Исус Христос
(Лк 3,23-38)
1 #
9,27; 12,23; 15,22; 20,30-31; 21,9.15; 22,41-45; 1 Мојс 5,1; 15,2-5; 22,15-18; 2 Сам 7,13; Ис 9,1-6; Јн 7,42; 8,33-39; Рим 1,3; 2 Тим 2,8; Откр 5,5; 22,16; Гал 3,16 Книга за родословот на Исус Христос#1,1 Христос значи Месија., син Давидов, син Авраамов. 2#1 Мојс 21,3.12; 25,19.26; 29,35Авраам го роди Исак, Исак го роди Јаков, а Јаков ги роди Јуда и неговите браќа; 3#Рута 4,13.17.22#1 Мојс 38,6.29-30Јуда ги роди Фарес и Зара, со Тамара; Фарес го роди Есром, а Есром го роди Арам; 4Арам го роди Аминадав; Аминадав го роди Наасон, а Наасон го роди Салмон; 5Салмон го роди Вооз со Раав; Вооз го роди Овид со Рута, а Овид го роди Јесеј; 6#2 Сам 12,24Јесеј го роди царот Давид, а царот Давид со поранешната жена на Урија го роди Соломон; 7#1 Лет 3,10-16Соломон го роди Ровоам; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса; 8Аса го роди Јосафат; Јосафат го роди Јорам, а Јорам го роди Озија; 9Озија го роди Јоатам; Јоатам го роди Ахаз, а Ахаз го роди Езекија; 10Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амон, а Амон го роди Јосија; 11#2 Цар 24,12-16Јосија го роди Јехонија и браќата негови за време на преселувањето во Вавилон. 12#1 Лет 3,17.19; Лк 3,27А по вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиил, а Салатиил го роди Зоровавел; 13Зоровавел го роди Авиуд; Авиуд го роди Елијаким, а Елијаким го роди Азор; 14Азор го роди Садок; Садок го роди Ахим, а Ахим го роди Елиуд; 15Елиуд го роди Елеазар; Елеазар го роди Матан, а Матан го роди Јаков; 16#Јн 1,41Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос. 17И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четиринаесет родови; а и од преселувањето вавилонско до Христос – родови четиринаесет.
Раѓањето на Исус Христос
(Лк 2,1-7)
18 #
Лк 1,26-27; 2,5 А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека е тешка од Светиот Дух. 19А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја напушти. 20#1,24; 2,12-13.19.22; 27,19; 28,2; 1 Мојс 16,7; 20,3; Дан 2,1; Лк 1,11.27.35; Дела 7,38; 5,19; 8,26; 12,7.23Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави на сон и рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух. 21#Ис 7,14; Лк 1,31; Пс 130,8; Дела 4,12; Тит 2,14Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ 22#2,15.17.23; 4,14; 8,17; 21,4; 26,56; Лк 4,21; Јн 12,38А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: 23#18,20; 28,20; Ис 7,14„И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ 24Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја зеде својата жена. 25#Лк 2,7И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син#1,25 Во некои ракописи стои и: Го роди својот првороден Син. и Го нарече Исус.
موجودہ انتخاب:
Матеј 1: MK2006
سرخی
شئیر
کاپی
کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006