YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 5

5
Беседа на гората
(Мк 3,13; Лк 6,12–13,20)
1 # 15,29-30; Јн 6,3 Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, уче­ни­ци­те Негови се приближија до Него. 2И откако ја отвори устата Своја, ги поу­чуваше и говореше:
Блаженства
(Лк 6,20-26)
3 # 6,19; 10,9-10; 19,21-24; Ис 30,18; 32,20; Пс 32,1-2; 33,12; 34,19; Изреки 8,32.34; Мк 9,35; Лк 6,20; 1 Кор 1,26; 2 Кор 8,9; Откр 19,9 „Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! 4#1 Мојс 13,15; Ис 61,2-3; Пс 37,11; 126,5Блажени се оние што плачат, зашто тие ќе се утешат! 5#11,29; 21,5Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! 6#6,1.33; Ис 51,1; Амос 8,11-12; Лк 6,21Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат! 7#18,33; Јк 2,13Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! 8#2 Мојс 33,20; Пс 11,7; 24,4; Откр 22,4Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога! 9#Изреки 12,20; Евр 12,14; Јк 3,18Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! 10#23,30-37; 2 Лет 36,16; 1 Птр 3,14Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! 11#Лк 6,22-23#10,22; Дела 5,41; Фил 1,29; Кол 1,24; 1 Птр 4,14Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – за­ради Мене! 12Радувајте се и веселете се, зашто го­лема е вашата награда на небесата! Та­ка ги гонеа и пророците што беа пред вас.“
Сол и светлина
(Мк 9,50; Лк 14,34-35)
13 # 3 Мојс 2,13; 4 Мојс 18,19; Јов 6,6; Мк 9,50; Лк 14,34-35 „Вие сте солта на земјата. Но, ако солта го изгуби вкусот, со што ќе се со­ли? Таа веќе не е за ништо, освен да се фрли надвор и изгази од луѓето. 14#Јн 3,21; 8,12; Фил 2,15Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. 15#Мк 4,21; Лк 8,16; 11,33Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. 16#1 Кор 10,31; Ефес 5,8-9; 1 Птр 2,12Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен!“
Исус и Законот
17 # 3,15; 7,12; 9,17; 13,52; 5 Мојс 4,1; Рим 3,31; 10,4 „Немојте да мислите дека сум до­шол да го поништам Законот или Про­роците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. 18#Лк 16,17; 21,33Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата, ниту една бук­вичка#5,18 Во оригиналниот текст: јота. или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ! 19#3 Мојс 19,15; Јк 2,10И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи, тој ќе се нарече голем во цар­ството небесно. 20#18,3; 1 Мојс 15,6; Пс 69,27; Јн 3,5; Рим 10,3; Фил 3,9Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книж­ниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно!“
За гневот и помирувањето
(Мк 11,25; Лк 12,57-59)
21 # 2 Мојс 20,13; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16-18.21; 5 Мојс 5,17; Јк 2,11 „Сте слушале дека им било речено на старите: ‚Не убивај! А кој ќе убие, ќе биде осуден пред судот.‘ 22#10,28; 18,9; Ер 7,31; 2 Лет 28,3; 33,6; Ефес 4,26; 1 Јн 3,15Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си (без причина), ќе биде осуден пред судот; а оној што ќе го на­рече брата си ‚празноглав‘, ќе биде осуден пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече ‚будала‘, ќе биде осуден за во пеколот. 23#Мк 11,25; Лк 12,5И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, 24тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот. 25#Лк 12,58-59Измири се со противникот твој на­време, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на служителот и да бидеш фрлен в затвор; 26#18,34вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“
За прељубата и соблазната
(Мт 18,8-9; Мк 9,43.47-48)
27 # 19,18; 2 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18; Мал 2,14-16; Рим 13,9; Јк 2,11 „Сте слушале дека на старите им било речено: ‚Не прељубодејствувај!‘ 28Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе из­вршил прељуба со неа во срцето свое. 29#18,6-9; Пс 124,7; Рим 9,33; 1 Птр 2,8Ако те наведува на грев десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. 30#Мк 9,42И десната рака, ако те наведува на грев, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел, от­колку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.“
За разводот
(Мт 19,9; Мк 10,11-12; Лк 16,18)
31 # 19,3-9; 5 Мојс 24,1; Мк 10,4 „Речено било исто така: ‚Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘ 32#Мк 10,11; Дела 15,20.29; 1 Кор 7,10-11А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој ќе се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.“
За заклетвите
33 # 2 Мојс 20,7; 3 Мојс 19,12; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22 „Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – ‚Не колни се криво, а заклетвите пред Господ исполнувај ги.‘ 34#Ис 66,1; Дела 7,49#Јк 5,12#23,22Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто тоа е престол Божји; 35#Пс 48,1-2ниту во земјата, зашто таа е под­ножје на нозете Негови; ниту во Еру­са­лим, зашто е град на великиот Цар. 36Не колни се ни во главата своја, за­што не можеш ниту едно влакно од ко­сата своја да направиш бело или цр­но. 37#2 Кор 1,17-20Но зборот ваш да биде: ‚да‘, ‚да‘, или ‚не‘, ‚не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“
За одмаздувањето
(Лк 6,29-30)
38 # 2 Мојс 21,24; 3 Мојс 24,20; 5 Мојс 19,21 „Сте слушале дека е речено: ‚Око за око, заб за заб.‘ 39#Лк 6,29#2 Мојс 21,25; Плач 3,30; Рим 12,19.21Јас, пак, ви велам: не противете се на лукавиот. Ако некој те удри по дес­ниот образ, заврти му го и другиот. 40А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и на­метката. 41И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две. 42#5 Мојс 15,8; Лк 6,30На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем.“
Љубов кон непријателите
(Лк 6,27-28.32-36)
43 # 10,22; 19,19; 3 Мојс 19,18; Пс 139,21; Лк 10,27; Јк 2,8 „Сте слушале дека е кажано: ‚Љуби го својот ближен, а мрази го неприја­те­лот.‘ 44#2 Мојс 23,4-5; Изреки 25,21; Лк 6,27-28.35; Дела 7,60; 1 Кор 4,12А јас, пак, ви велам: љубете ги не­пријателите свои, (благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат) и молете се за оние што ве (навредуваат и) гонат, 45за да бидете синови на Вашиот Отец небесен; зашто Тој го остава Сво­ето сонце да грее и над лошите и над добрите, и им праќа дожд и на праведните и на грешните. 46#10,41-42; Лк 6,32Зашто, ако ги сакате оние што вас ве сакаат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците? 47И, ако ги поздравувате само бра­ќа­та свои, што особено правите? Не пос­та­пуваат ли така и незнабошците? 48#3 Мојс 11,44-45; 19,2; 1 Птр 1,16; Јк 1,4Но бидете совршени како што е со­вршен вашиот Отец небесен.“

Currently Selected:

Матеј 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy