Λογότυπο YouVersion
Εικονίδιο αναζήτησης

Матеј 2

2
Мудреците од Исток
1 # 2,5; Дан 2,2.10; Лк 1,5; 2,1-7 А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во времето на царот Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток, 2#27,11.29.37; 4 Мојс 24,17и рекоа: „Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.“
3Штом го чу тоа царот Ирод, се воз­немири, а и цел Ерусалим со него. 4Па ги собра сите првосвештеници и книжници на народот и ги праша каде треба да се роди Христос. 5А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот: 6#2 Цар 5,2; Мих 5,1; 1 Цар 11,2; Јн 7,42; Евр 7,14’И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу Јудините началства; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“ 7Тогаш Ирод тајно ги повика мудре­ци­те и го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата, 8#1 Цар 23,23па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и добро распрашајте се за Детето и, штом ќе Го најдете, известете ме за да дојдам и јас да Му се пок­ло­нам.“ 9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И ете, ѕвездата, што ја беа ви­деле на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Детето. 10А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се израдуваа. 11#Ис 49,23; 60,6; Пс 71,10-15И штом влегоа во куќата, Го видоа Новороденчето со мајка Му Марија, па паднаа ничкум и Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна. 12#1,20; 1 Мојс 20,3-7; 31,24; 46,2-4; 3 Цар 13,9; Дела 16,9И откако на сон примија вест да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа за својата земја.
Бегството во Египет
13 # 1,20; 3 Цар 11,17.40; 4 Цар 25,26; Ер 26,21 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му, па бегај во Египет и ос­та­ни таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.“ 14И, откако стана, Го зеде Детето со мајка Му сред ноќта и отиде во Египет. 15#1,22; Ос 11,1И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Мојот Син.“
Убиството на витлеемските деца
16Тогаш Ирод, гледајќи дека мудреците го надитрија, многу се разгневи и нареди да ги погубат сите деца во Вит­леем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците. 17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој вели: 18#Ер 31,15„Глас се слушна во Рама, плач и ридање и голем пискот: Рахила ги оп­лакува своите деца и не сака да се уте­ши, зашто ги нема веќе.“
Враќање од Египет. Населување во Назарет
19А по смртта на Ирод, ангел Гос­по­дов му се јави на сон на Јосиф во Еги­пет 20#2 Мојс 4,19-20и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и отиди во Из­ра­илевата земја, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Детето.“ 21#2,14А тој, откако стана, ги зеде Детето и мајка Му, и дојде во Израилевата земја. 22#3,13; 4,23; Ис 9,1; Јн 4,3Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, наместо татко му Ирод, се упла­ши да оди таму; и откако доби вест на сон, замина во галилејските предели. 23#21,11; Ис 11,1; Јн 1,45А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека ќе се нарече Назареец.

Επιλέχθηκαν προς το παρόν:

Матеј 2: MAK2023

Επισημάνσεις

Κοινοποίηση

Αντιγραφή

None

Θέλετε να αποθηκεύονται οι επισημάνσεις σας σε όλες τις συσκευές σας; Εγγραφείτε ή συνδεθείτε

Η YouVersion χρησιμοποιεί cookies για να εξατομικεύσει την εμπειρία σας. Χρησιμοποιώντας τον ιστότοπό μας, αποδέχεστε τη χρήση των cookies όπως περιγράφεται στην πολιτική απορρήτου