Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ти имаш молитва! Примерок

Ти имаш молитва!

5 ДЕН ОД 6

„Шест клучеви за здрава и балансирана молитва – Прв дел“

1. Знај со кого зборуваш. „Оче наш кој си на небесата …”

Кога Исус ги упатуваше Неговите апостоли директно да му се обратат на Отецот, идејата веројатно беше прифатена со чудење. Низ Стариот Завет единствениот начин една обична личност да ги изрази своите барања до Бога беше преку свештеник. За среќа, Исус дојде да го смени сето тоа.

Поради совршената жртва од Исус на крстот за да го покрие нашиот грев, верниците сега имаат директна комуникација со Отецот. Затоа ние се молиме на нашиот Небесен Отец „во името на Исус“. Сепак, нема поставени формули за молитви и молењето на молитва до Исус е исто толку значајно како да му се обраќаме на самиот Отец. Најважниот дел да се запамети е дека сега нема граница на комуникацијата помеѓу Бог и тебе.

2. Размислете за и изразете го вашето обожување и благодарење за сè што Тој сторил за вас. „ ... да се свети името Твое...“

Со издвојувањето на дел од твојата молитва за специјално да се концентрираш на пофалба и обожување, ти го оттргнуваш фокусот од себеси. Додека Бог сака да ги слушне нашите потреби и желби, Тој исто така сака да покажеме благодарност за сè што сторил и да сфатиме дека не се врти сè околу нас. Всушност, навистина сè се врти околу Него. Тој е Бог на изобилство и љубов, и пофалбата и честа се поради Него. Кога размислуваш на благословите кои Бог ти ги има дадено и на неверојатната привилегија да се биде во врска со Него, ќе ти биде лесно Нему да му изразуваш благодарење, обожавање и благодарност. Исто така ќе ти биде потешко да се концентрираш на себеси.

3. Моли се целите на Бога за Неговата црква и за твојот живот да бидат целосно исполнети. „…да дојде царството твое, да биде волјата твоја како на небото така и на земјата“.

Ни доаѓа блескава и ефективна молитва кога не мислиме за нашите проблеми од минатото и се насочуваме кон прекрасните можности на иднината. Постојаното задржување на минатото само ќе послужи да ти ја ограничи иднината. Преземи ја Божјата перспектива, и не дозволувај претходните предизвици или неуспеси да ти ги обземаат мислите и да ти го ограничат мислењето. Изрази ја желбата до Бога за постигнување на твојот целосен потенцијал во Христа и побарај од Него да ти ги зголеми твојата визија и соништа. Тој сака да ја постигнеш Неговата комплетна цел во животот како и онаа на Неговата Црква.

Свето Писмо

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Ти имаш молитва!

Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот:...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност