Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ти имаш молитва! Примерок

Ти имаш молитва!

3 ДЕН ОД 6

„Лична молитва”

Заедничкото молење со пријателите, семејството, па дури и самото молење пред оброк, се прекрасни начини да се комуницира со Бога на отворен начин. Но како додаток на учеството во колективната молитва, Бог сака ние да учествуваме во полична, поприватна примена на молитвата исто така – само помеѓу тебе и Бога. Ова ни го кажува Исус за приватноста на нашите молитви:

„Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја за¬тво¬риш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно“. – Матеј 6:6

Упатствата на Исус за да се молиме зад затворени врати ни укажуваат дека Бог е интимно и лично заинтересиран за нашите животи. Неговата желба е да се зголеми нашата лична врска со Него преку комуникацијата еден на еден. Бог ја забележува твојата посветеност во приватното партнерство со Него и ветува дека ќе те награди и благослови.

Бог исто така сака ние да бидеме искрени и отворени во комуникацијата со Него, исто како што би биле и со саканиот. Додека паметењето на молитвите од збор до збор е здрава практика, вистината е дека Бог сака автентичен израз од самите нас до Него отколку само серија на зборови кои сме ги запаметиле. Исус ова го кажува за искреноста на нашите молитви:

„Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени; вие, пак, не бидете како нив, зашто вашиот Отец знае од што имате потреба уште пред да Го помолите“. – Матеј 6:7 -8

Додека Бог веќе знае што е она што ни треба и сакаме уште пред да прашаме, Тој сè уште сака ние да ги изразуваме тие барања кон Него со искреност и очекување дека Тој ни го мисли најдоброто. Тој сака да ни одговори на секоја молитва со љубов и верност.

Друг важен елемент на лична молитва е истрајност и постојаност. Бог никогаш не се уморува од слушањето на нашите барања, иако тие се истите кои сме ги изразиле до Него порано. Ова го кажува Исус за постојаноста на нашите молитви:

„Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори“. – Матеј 7:7 -8

Одредување време секојдневно за лична комуникација со Бога е важно за растењето во нашето христијанко чекорење. Обиди се да избереш време секој ден кога нема да ти биде одземено вниманието и не грижи се дека Бог мери на штоперица за тоа колку време Му посветуваме.Тој нема такво нешто. Тој едноставно те сака тебе. Приватноста, искреноста и истрајноста се три многу важни карактеристики за твоето време еден на еден со Бога и ќе ти помогне да уживаш во ова скапоцено време и ти никогаш нема да се потпреш на Него тогаш како досега.

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Ти имаш молитва!

Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот:...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност