Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Спасени соништаПримерок

Dreams Redeemed

7 ДЕН ОД 7


Во молитвата за мир има еден дел кој го кажуваме за време на молитвените состаноци составени од 12-чекори преку кои бараме од Бог да ни помогне да ги прифатиме “потешкотиите на патот до мирот, и да го прифатиме светот како што Исус го прифати, а не како што ние би сакале да го прифатиме“.


Оваа реченица секогаш ми се истакнува поради тоа што голем дел од мојата енергија ја потрошив на исправање и контролирање на ситуациите и луѓето околу мене со цел да го направам животот таков каков што сакам да биде... трудејки се да си ги остварам соништата. Очигледно ова не функционираше.


Откако се разведов, го загубив домот, имав проблем со кредитот во банка и се чувствував како сите безбедносни системи кои ги имав, еден по еден пропаѓаат и животот кој го градев беше целосно распаднат. Мојот живот повеќе не изгледаше како што сакав јас да изгледа.


Во еден момент се најдов во ситуација да жалам и да плачам пред Господ дека, “не испадна така како што мислев дека треба”, а Бог слушаше за на крајот да ми одговори.


Јас те спасив.


Ова беше толку апсурдно што почнав да се смеам бидејки во ситуациите низ кои поминував немаше ништо што ме потсетува на спасение.


Хармони, Јас те спасив од твојот сон... Јас ќе го откупам тој сон.


Ветувањето дека Бог ќе го откупи мојот сон и дека ќе ми го врати фамилијарниот живот ми даде надеж дека периодот низ кој поминував нема да трае вечно. 


Јас знам дека Бог е откупител. Прво, ја откупи мојата болка и период во кој бев експлоатирана што ме направи употреблива за луѓето со слични приказни кои ги досегнувам преку мојата организација “Богатства“. Денес, неколку години после разводот можам да кажам дека Тој го откупи мојата сон за обнова на мојот фамилијарен живот. Во Март 2014 година јас веќе бев омажена за еден неверојатен сопруг кој беше чудесен, полн со љубов, и втор татко на мојата преубава ќерка! Во 2018 година, ние добивме машко бебе кое ни донесе многу радости во нашиот дом.


Многу ми се допаѓа приказната за Јосиф бидејки е пример за еден сонувач кој му веруваше на Бог иако изгледаше дека сите соништа да му се уништени. Беше предаден од споствената фамилија, беше напуштен, поробен, затворен и заборавен, но додека поминуваше низ сето ова Бог беше со него. На крајот, неговата вистина во Бог му помогна да се издигне над сите околности за на крај да ја спаси својата фамилија и целиот Египет од глад. Бог ја употреби секоја негова приказна и момент од животот за добра цел! Бог го откупи неговиот сон. 


Се мислам дали некогаш Јосиф бил искушуван да се откаже од неговиот сон? Тој наместо да се откаже, остана верен до крај во текот на сите тие лоши периоди и дозволи Бог да го употребува и успеа да продолжи да сонува. Цела нација беше спасена поради неговата верност.


Јас не знам низ што ти поминуваш, не знам какви тестирања или напади претрпил Божјиот сон за тебе, но знам дека—Бог е откупител. Тој е верен во моментите кога ти сонуваш, веруваш и издржуваш… 


Бог ќе го откупи сонот.


 


Белешка од Хармони:


Се надевам дека уживавте во оваа посвета! Би сакала да продолжам да ве охрабрувам да живеете слободно, да сонувате за големи работи и да правите добри дела! Ве поканувам да го посетите мојот блог на https://harmonygrillo.com/">www.HarmonyGrillo.com. Доколку сакате да дознаете повеќе за организацијата “Богатства“ можете да нѐ посетите на веб-страната https://www.iamatreasure.com/">www.iamatreasure.com


 


Ден 6

Опис за овој план

Dreams Redeemed

Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта...

More

Би сакале да се заблагодариме на Хармони Грило (Јас сум богатство) што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://harmonygrillo.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност