Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Спасени соништаПримерок

Dreams Redeemed

4 ДЕН ОД 7


Разочарувањата и болката поттикнуваат искушенија и нѐ прават подложни на удар врз нашите слабости. Независно од тоа дали станува збор за изолирање, прејадување, повремен сексуален однос или премногу вино, желбата да бараме анестетик за да избегаме од болката прави да размислуваме за компромис. Си кажуваме себеси дека заслужуваме да се чувствуваме подобро.


Во моментите кога сме повредени сме природно наклонети да ги жртвуваме нашите соништа за привремени задоволства. Удобноста која ја нудат пороците носи плитки, опасно деструктивни и лоши резултати.


Во познатата опера Бохемија има една сцена во која двајца мажи преминуваат низ една брутална зима во Паризво која едниот од нив кој е писател, трошел многу време на основните нацрти за неговото ново дело поради тоа што не можел да се фокусира од што било ладно.


Од причина што немал пари за да купи јаглен или дрва за да го распали огнот, ги фрлил неговите списи во печката од очај и за само неколку секунди сета работа која ја сработил се претвори во пепел.


Овој писател го жртвувал својот сон и сето она за кое работел за само еден краток момент на удобност. Се предал.


Истата работа ја гледаме во приказната за Исав во книгата Создавање кога се враќа дома истоштен и прегладнет и целата негова куќа мириса на врела чорба од леќа што го привлекло толку многу за да се откаже од целото негово наследство како првороден само за да ја задоволи неговата привремена глад и потреба од поткрепа. Само за една супа или моментално задоволување на потребата на неговиот стомак, ја жртвувал целата негова иднина.  


Види, јасно ми е. 


И јас сум во искушение да ги изедам моите емоции кога сум тажна (многупати и потпаѓам на тие искушенија!). После разводот бев многу осамена што ме натера да ги намалам моите критериуми и да правам компромиси во потрагата по нова љубов. Среќа, не потпаднав на ова искушение, но тоа беше присутно дефинитивно. 


Кога го изгубив мојот дом и бев на работ од банкрот, се појави еден сосед кој ми понуди работа во една фармацевтска компанија во која се заработуваше шест-цифрена плата. Тоа беше уште едно искушение за мене поради тоа што во тој случај работата на мојата организација “Богатства“ ќе престанеше. Едноставно не вредеше да го напуштам Божјиот повик за моментално задоволство и финансиска стабилност.  


Понекогаш Божјиот сон бара пожртвуваност. Испаѓа дека Бог повеќе се грижи за нашиот карактер наместо за тоа колку ни е удобно.


Тешките моменти може да нѐ срушат или изградат. Можеме да го жртвуваме нашиот сон за краткорочно задоволство или да го задржиме сонот и преку истрајност да го зајакнеме нашиот карактер и да осозрееме. 


Немој да го продадеш твојот сон за моментално задоволство, не дозволувај болката или разочарувањето да те примораат да се откажеш од него. Не се предавај, премногу можеш да изгубиш.


На другата страна од твојот исчекор во вера се наоѓа слободата.  Твојата лична слобода како и слободата на сите останати луѓе врз кои ќе влијаеш преку живеење на твојата животна цел!


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Dreams Redeemed

Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта...

More

Би сакале да се заблагодариме на Хармони Грило (Јас сум богатство) што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://harmonygrillo.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност