Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плачот 4

4
Беда и срам за Јуда, по падот на Ерусалим
1Како потемне златото, како се измени најчистото злато! Камењата од светилиштето се расфрлени по сите крстопати. 2#Ер 19,11Синовите на Сион, некогаш ценети како најчисто злато, а сега ги ценат како земјани садови, дела на грнчарски раце! 3#Јов; 39,13-17Дури и ѕверовите подаваат града и ги хранат рожбите свои, а ќерката на мојот народ стана жестока како ној во пустина; 4#2,11-12; Ис 41,17јазикот на доенчето се прилепува до непцето поради жед; децата бараат леб, но никој не им подава. 5Оние, што јадеа слатки, гинат по улиците; одгледаните во пурпур, се вал­каат во смет. 6#1 Мојс 19; Ис 1,9-10; Ер 23,14; Мт 10,15; 11,23Казната за бесчестието на ќерката на мојот народ ја надминува казната на Содом; тој беше срамнет за миг, и раце човечки не се допреа до него. 7#4 Мојс 6Кнезовите ѝ беа почисти од снег, побели од млеко; тие беа телесно поубави од корал, изгледот им беше како сафир; 8а сега лицето им е потемно од сѐ што е црно; не ги познаваат ни улиците; кожата им се прилепила за коските, па станала сува како дрво. 9Убиените со меч минаа подобро од оние, што глад ги убива, зашто тие бавно умираат поради недостиг од полски плодови. 10#2,20; 5 Мојс 28,56-57Дури и жалостивите жени ги вареа со рацете децата свои, за да им бидат храна, кога гинеше ќерката на мојот народ. 11#2,3Господ го излеваше Својот гнев, ја излеа јароста од гневот Свој, и на Сион запали оган, кој ги проголта основите негови. 12#Ис 52,15Царевите земни и сите жители по вселената не веруваа дека противникот и непријателот влегол во портите ерусалимски. 13#Ер 5,31; 6,13; Ез 7,23Сето тоа е поради гревовите на лажните пророци, поради беззаконијата на свештениците негови, кои меѓу него пролеваа крв на праведници; 14#4 Мојс 35,33; Ис 59,3скитаа по улиците како слепи, се осквернуваа со крв, така што не беше можно човек да се допре до одеждите нивни. 15#3 Мојс 13,45„Отстранете се, нечисти!“ им викаа: „Отстранете се, отстранете се, не допирајте се!“ и тие се отстрануваа посрамени; талкаа од народ до народ, но никој не ги прифаќаше. 16Лицето на Господ ги расеа; Тој нема веќе милостиво да ги погледне, би­дејќи не го почитуваа лицето на свеш­тениците, кон старците милост немаат. 17#Ер 37,7; Ез 29,6Очите ни се веќе истрошени, очекувајќи залудо помош; од нашата стра­жарска кула чекавме народ, кој не мо­жеше да нѐ спаси. 18#Ез 7,1-14А тие демнеа на стапките наши, за да не можеме да одиме по улиците наши; нашиот крај наближува, дено­вите наши се исполнија; крајот ни дојде. 19Оние, што нѐ гонеа, беа побрзи од орлите небески; по горите нѐ гонеа, ни поставуваа заседи по пустините. 20#2 Цар 25,5-7; Пс 2,2Духот на нашиот живот, пома­заникот Господов, уловен е во нивните јами; оној, за кого велевме: „Под сенката Негова ќе живееме меѓу народите.“ 21#Ис 66,10; Авак 2,15Радувај се и весели се, ќерко Едо­мова, жителко на земјата Уц! И до тебе ќе дојде чашата: ќе се опиеш и ќе се разголиш. 22#Ис 40,2; Ер 49,8; Ез 25,14Ќерко Сионова, казната за твоето беззаконие се сврши; Тој нема повеќе да те гони; но беззаконието твое, ќерко Едомова, Тој ќе го казни и ќе ти ги разоткрие гревовите твои.

Селектирано:

Плачот 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност