Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Плачот 3

3
Еремиин плач и утеха
1Јас сум човек, кој видов мака од палката на Неговиот гнев; 2#Јн 8,12Тој ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина. 3Тој се сврте само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја; 4#Јов 30,30го исцеди телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои; 5ме загради и ме опколи со горчила и маки; 6ме постави во темно место, како одамна умрените; 7#Јов 3,23; 19,8ме огради со ѕид, да не можам да излезам, ми направи тешки вериги; 8и, кога викав и пискав, ја одбиваше молитвата моја; 9со камења ги прегради патиштата мои, ги попречи патеките мои. 10#Ос 13,7-8; Јов 10,16Тој стана за мене како мечка во заседа, како лав на скришно место; 11ме истера по беспаќа и ме раскина, ме уништи; 12#Јов; 16,12-13го затегна лакот Свој и ме постави како цел за стрела; 13ги прострела бубрезите мои со стрели од торбата Своја. 14#5 Мојс 28,37; Ер 20,7; Пс 69,11; Јов 30,9Станав потсмев за сиот народ мој, негова секојдневна шега. 15#Ер 23,15; Пс 69,21; Изреки 20,17; Мт 27,34Ме презасити со горчила, со пелин ме напои; 16со камен ми ги скрши забите мои, со пепел ме покри. 17#Ер 16,5Избега мирот од душата моја; заборавив за добри работи 18#Јов 17,15и реков: дотраја животот мој и надежта моја од Господ. 19Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката. 20Душата моја постојано се сеќава на тоа и премалува во мене. 21#Ис 46,8Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: 22#2 Мојс 34,6-7по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; 23тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! 24#Мих 7,7; Пс 16,5; 73,26Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам. 25#Ис 8,17; 25,9; Пс 40,1; 69,7Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара. 26#Ис 30,18Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господ. 27Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја. 28#Ер 15,17Сам ќе седи и ќе молчи, бидејќи Господ му го ставил бремето врз него. 29Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж. 30#Ис 50,6; Мт 5,39Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презаситување, 31#Ер 3,12бидејќи Господ не отфрла за навек. 32#Ис 54,8-9; 63,7Пратил ли неволја, Тој и ќе се смилува според Својата голема милост. 33#Ез 33,11Зашто Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги ожалостува сино­вите човечки. 34#Амос 1,6.9Но, кога ги газат со нозете сите затвореници на земјата, 35#Амос 5,7-10кога неправедно осудуваат човек пред лицето на Севишниот, 36кога му се нанесува неправда на чо­векот во неговиот спор: зар Господ не гледа? 37#1 Мојс 1; Пс 33,9Кој вели – „Бива и она што Господ не заповедал да биде?“ 38#Ис 45,7Зар не доаѓаат и злото и доброто од устата на Господ? 39#4 Мојс 11,1На што се жалат живите луѓе? Секој за гревовите свои? 40#Ис 55,7; Ер 3,22; Ос 6,1Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се вратиме кај Господ. 41Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата. 42#Ер 3,25; 8,14; 14,7Ние згрешивме и се противевме, Ти не нѐ поштеди. 43Ти се облече со гнев и нѐ прогони, нѐ умртвуваше, и не нѐ жалеше; 44#3,8Ти се сокри во облак, за да не прод­ре молитвата наша; 45#5 Мојс 28,37; 1 Кор 4,13смет и гнасотија нѐ направи меѓу народите. 46Широко ги отворија устите против нас сите наши непријатели. 47Ужас и јама, пустош и разорение – тоа е делот наш. 48#Ер 14,17Потоци солзи лее окото мое за погибелта на ќерката од мојот народ. 49Окото ми се прелива и не престанува, бидејќи нема одмор 50#Ис 63,15сѐ додека Господ не погледне милостиво и види од небесата. 51Окото мое е причина да страда душата моја заради сите ќерки на мојот град. 52#Пс 35,19; 69,5Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без никаква причина. 53#1 Мојс 37,20; Ер 38,6Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења. 54#Јона 2,4-6; Пс 69,1-2Водата се подигна над главата моја; па си реков – „Загинав.“ 55#Ис 53,8Го повикав името Твое, Господи, од длабоката јама. 56#Пс 130,1-2Ти го чу гласот мој; не затнувај го увото Свое за мојата воздишка и за мојот плач! 57#Ис 41,10-14; Ер 1,8; 30,10Ти се приближуваше, кога ќе повикав кон Тебе, и велеше – не плаши се! 58Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го избавуваше мојот живот. 59Ти гледаш како ме угнетуваат, Господи; пресуди го делото мое. 60#Ер 11,19; 18,23Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене. 61Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене, 62зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден. 63#3,14; Пс 69,12Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум подбивна песна за нив. 64#Ер 51,56Казни ги, Господи, според делата на рацете нивни; 65прати им закоравеност на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив; 66гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето!

Селектирано:

Плачот 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност