1
Лука 3:21-22
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
MNT
Еден ден, по крштавањето на сиот народ, се крсти и Исус. И додека Тој се молеше, се отвори небото, и Светиот Дух слезе во телесен облик, како гулаб. Се чу и глас од небото, кој рече: „Ти Си Мојот Син - Мојот Љубимец, со Кого наполно Сум задоволен!“
对照
探索 Лука 3:21-22
2
Лука 3:16
Затоа, Јован им се обрати на сите: „Јас ве крштавам во вода, а по мене иде поголем од мене, толку голем што јас не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам. Тој ќе ве крсти огнено, во Светиот Дух.
探索 Лука 3:16
3
Лука 3:8
Докажете на дело дека навистина се каете! Не залажувајте се со тоа што сте потомци на Авраам, зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да подигне Авраамови потомци!
探索 Лука 3:8
4
Лука 3:9
Божјата секира е веќе замавната и в корен ќе го пресече и в оган ќе го фрли секое дрво што не раѓа добар плод!“
探索 Лука 3:9
5
Лука 3:4-6
На Јован Крстител се однесува пророштвото запишано во Книгата на пророкот Исаија: “Глас одекнува низ пустината, кој вели: Пригответе пат за доаѓањето на Господ, исправете го патот за Него! Секоја вдлабнатина да се исполни, секој врв и угорнина да се зарамнат; кривите патеки да се исправат, а нерамнините да се порамнат. Тогаш секој човек ќе го види спасението што ни го испраќа Бог!“
探索 Лука 3:4-6
主页
圣经
计划
视频