YouVersion Logo
تلاش

Матеј 19

19
1А кога Исус ги заврши тие зборови, отиде од Галилеја и дојде до пределите на Јудеја отаде Јордан.
2И големо множество тргна по Него, а Тој ги оздрави таму.
3И фарисеите Му пристапија, Го искушуваа и рекоа: „Дали смее човек да ја остави својата жена по секаква причина?”
4А Тој одговори и рече: „Зар не сте читале дека Оној, Кој ги создаде во почеток, ги создаде машко и женско,
5и рече: ‘Затоа мажот ќе ги остави таткото и мајката и ќе се прилепи до својата жена, и обата ќе бидат едно тело?’
6Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!”
7И Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да и се даде разводно писмо на жената и да се остави?”
8Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така.
9Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба.”
10Учениците Му рекоа: „Ако е тоа причината меѓу мажот и жената, подобро да не се жени.”
11А Тој им рече: „Сите не можат да ги сфатат тие зборови, туку оние, на кои им е дадено.
12Зашто има скопци, кои се родени така од мајчината утроба, и има скопци, кои се скопени од луѓе, и има скопци, кои самите се скопиле заради небесното царство. Кој може да прими, нека прими!”
13Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија.
14А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”
15И ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму.
16И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?”
17А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!”
18Му рече: „Кои?” А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно,
19почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!”
20Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?”
21Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!”
22А кога момчето го чу тој збор, си отиде нажален, зашто имаше многу имоти.
23А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам: богат мачно ќе влезе во небесното царство!”
24И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”
25Кога учениците го чуја тоа се зачудија мошне и рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?”
26Исус ги погледна и им рече: „На луѓето ова им е невозможно, но за Бога сè е возможно.”
27Тогаш Петар одговори и Му рече: „Еве, ние оставивме сè и тргнавме по Тебе; и така, ние што ќе имаме?”
28А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие - кои тргнавте по Мене, во преродбата - кога Човечкиот Син ќе седне на престолот на Својата слава, и сами ќе седнете на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелеви племиња.
29И секој, кој заради Моето име ќе остави: куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, ќе прими стократно и ќе наследи вечен живот.
30Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.”

موجودہ انتخاب:

Матеј 19: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔