Матеј 26

26
ГЛАВА 26
(Зачало 107)
1И кога ги заврши Исус овие зборови, им рече на учениците Свои:
2– Знаете#На Вел. Четврток, на литургијата: Им рече Господ на Своите ученици: Знаете дека по два дни ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распнување.
Крај на Велики Вторник
3Тогаш првосвештениците и книжниците, и старешините народни се собраа во дворот на првосвештеникот, по име Кајафа,
4и се советуваа како да Го фатат Исуса на измама и да Го убијат;
5но рекоа: – Само не на празникот, за да не стане бунт во народот.
(Зачало 108)
6Акога беше Исус#На Вел. Среда, на литургијата: Во она време, кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Лепрозниот,
7се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата.
8Штом го видоа тоа, учениците Негови се расрдија и рекоа: – Какво е тоа растурање?
9Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.
10Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: – Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене;
11оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;
12таа, изливајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме подготви за погребение.
13Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие, по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен, што направи таа.
14Тогаш еден од дванаесетте, по име Јуда Искариот, отиде при првосвештениците,
15и им рече: – Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам? А тие му предложија триесет сребреници.
16И оттогаш тој бараше погодно време за да Го предаде.
Крај на Велика Среда
17А во првиот ден на празникот Бесквасници, пристапија кон Исуса учениците и Му рекоа: – Каде сакаш да Ти приготвиме да јадеш пасха?
18Он рече: – Одете в град, при тој и тој човек, и кажете му: Учителот вели: времето Ми наближи, при тебе ќе ја направам Пасхата со учениците Свои.
19Учениците направија како што им заповеда Исус и ја приготвија пасхата.
20А штом се стемни, Он седна на трпезата со дванаесетте.
Премини за Вел. Четврток, на зачало 44-то од Јована. И повторно читај одовде.
21И кога јадеа, им рече: – Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.
22Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: – Да не сум јас, Господи?
23А Он им одговори и рече: – Оној што ќе брцне рака со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде.
24Синот, пак, Човечки доаѓа, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Синот Човечки ќе се предаде; добро ќе беше за тој човек, ако не беше се родил.
25А Јуда, којшто Го предаде, одговори и рече: – Да не сум јас, Рави? Му одговори: – Ти рече.
26И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови и рече: – Земете, јадете, ова е Моето тело!
27И откако ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: – Пијте од неа сите;
28зашто оваа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите!
29И ви велам, оти отсега нема да пијам од овој лозов плод, сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во царството на Мојот Отец.
30И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Гора.
31Тогаш им рече Исус: – Сите вие ќе се соблазните заради Мене во оваа ноќ; зашто е напишано: „ќе го поразам пастирот и овците од стадото ќе се разбегаат“.
32А по воскресението Свое, ќе отидам во Галилеја, порано од вас.
33Тогаш Петар Му одговори и рече: – Дури и сите да се соблазнат заради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.
34Исус му рече: – Вистина ти велам: дека оваа ноќ, уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.
35Петар Му рече: – Ако затреба, дури и да умрам со Тебе, нема да се откажам од Тебе. Истото го рекоа и сите ученици.
36Потоа, отиде Исус со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: – Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.
37И кога ги поведе со Себе Петра и двајцата Заведееви синови, се нажали и почна да тагува.
38Тогаш им рече Исус: – Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и бидете будни со Мене.
39И откако се поодалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: – Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти!
Престани овде за Вел. Четврток и премини на зачало 109-то според Лука.
И повторно читај одовде.
40Па дојде при учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петра: – Толку ли не можевте еден час да бидете будни со Мене?
41Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.
42Повторно, пак отиде и се помоли, говорејќи: – Оче Мој, ако не може да одмине од Мене оваа чаша, без да ја испијам, тогаш нека биде волјата Твоја.
43И кога дојде, пак ги најде да спијат, оти очите им беа натежнале.
44И откако ги остави, отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови.
45Потоа дојде при учениците Свои и им рече: – Спијте и почивајте! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешници;
46станете да одиме! Ете, наближи оној што Ме предава;
47и додека Он уште говореше, ете, Јуда, еден од дванаесетте, дојде, и со него многу луѓе со ножеви и колови, од страна на првосвештениците и старешините народни.
48А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: Кого што ќе Го целивам, Он е, фатете Го!
49И веднаш се приближи до Исуса и Му рече: – Радувај се, Рави! И Го целива.
50А Исус му рече: – Пријателе, зошто си дошол? Тогаш пристапија, ставија раце на Исуса и Го фатија.
51И ете, еден од оние што беа со Исуса, откако посегна со раката, го извади својот нож, па штом го удри слугата на првосвештеникот, му го отсече увото.
52Тогаш Исус му рече: – Врати го ножот на местото негово; бидејќи сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат;
53или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец, и Он ќе Ми испрати повеќе од дванаесет легиони ангели?
54Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не биде?
55Тогаш Исус му рече на народот: – Како на разбојник сте излегле со ножеви и колови, за да Ме фатите; секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте.
56Но сето ова беше за да се исполнат пророчките книги. Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.
(Зачало 109)
57Авојниците#Евангелие трето за св. страданија Христови: Во она време, војниците што Го фатија Исуса, Го одведоа при првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините.
58Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и откако влезе внатре, седна со слугите, за да го види крајот.
59А првосвештениците и старешините, и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат,
60и не наоѓаа; и, иако пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но, најпосле дојдоа двајца лажни сведоци,
61и рекоа: – Овој кажа: можам да го урнам Божјиот храм и за три дни да го соѕидам.
62И откако стана првосвештеникот, Му рече: – Ништо ли не одговараш, што сведочат овие против Тебе?
63Но, Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: – Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш; Ти ли си Христос, Синот Божји?
64Исус му одговори: – Ти рече. Но, ви велам: отсега ќе Го видите Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.
65Тогаш првосвештеникот ги раскина алиштата свои и рече: – Овој хули на Бога! Каква потреба имаме повеќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење.
66Како ви се чини? А тие одговорија и рекоа: – Заслужува смрт!
67Тогаш Го плукаа в лице и Го удираа по образи, а други Го биеја
68и говореа: – Проречи ни, Христе, кој Те удри?
69А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и рече: – И ти беше со Исуса Галилеецот.
70Но, тој се одрече пред сите, велејќи: – Не знам што говориш.
71А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: – И овој беше со Исуса Назареецот.
72И тој повторно се одрече со клетва: – Не Го познавам Човекот.
73Малку потоа се приближија оние, што стоеја таму и му рекоа на Петра: – Навистина и ти си од нив, зашто и говорот твој те издава.
74Тогаш тој почна да се колне, и се заколна: – Не Го познавам Човекот! И веднаш запеа петел.
75И се сети Петар на Исусовите зборови, што му ги рече: – уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене. Па излезе надвор и плачеше горко.
Крај на третото евангелие за страданијата Христови

موجودہ انتخاب:

Матеј 26: MK2008

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔