Матеј 18

18
Бидете како деца! Соблазната. Моќта на апостолската слога. Простувањето и параболата за големиот должник.
1Во тој час се приближија учениците до Исуса и рекоа: »Кој е поголем во царството небесно?«
2И како повика Исус едно дете, го постави меѓу нив
3и им рече: »Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно:
4кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно;
5и, кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима;
6а кој соблазни едно од овие мали, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина.
7Тешко му на светот од соблазни, оти соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
8Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот без рака или без нога, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган;
9и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во геената огнена.
10Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен.
11Оти Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.
12Како ви се чини? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца?
13Па, ако се случи да ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте загубени.
14Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе.
15Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;
16ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
17ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник.
18Вистина ви велам: сѐ што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.
19Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да помолат нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец небесен;
20зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.«
21Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: »Господи, колкупати да му простам на брата си, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?«
22Исус му одговори: »Не ти велам до седум, туку до седумдесет пати по седум.«
23»Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги.
24Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти;
25па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сѐ што имаше, за да наплати.
26Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се клањаше говорејќи: ‚Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘
27А Господарот на тој слуга, кога се смилува, го пушти и му го прости долгот.
28Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Исплати ми што ми должиш!‘
29Тогаш неговиот другар падна ничкум пред нозете негови, го молеше и велеше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘
30Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, дури не му го исплати долгот.
31Другарите, пак, негови, кога го видоа тоа што стана, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сѐ што се случи.
32Тогаш господарот негов го повика и рече: ‚Лукав слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше;
33не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар, како што се смилив и јас над тебе?‘
34И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг.
35Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си.«

موجودہ انتخاب:

Матеј 18: MK1990

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔