Матеј 28

28
Исусовото воскресение
(Мк 16,1-10; Лк 24,1-12; Јн 20,1-10)
1 # 27,61; Дела 20,7 Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалена и другата Марија да го видат гробот. 2#1,20; 2 Мојс 19,18; Дела 16,26И ете, стана голем потрес; ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него; 3#17,2; Лк 9,29; Дела 1,10лицето му беше како молња, а алиш­тата – бели како снег; 4#17,6а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви. 5#14,27; 1 Мојс 15,1; Ер 30,10; Откр 1,17Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот; 6#16,21; Дела 2,24не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, 7#26,32; Мк 14,28па отидете бргу и кажете им на уче­ниците Негови дека Тој воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Га­ли­леја; таму ќе Го видите. Ете, ви ка­жав.“ 8#Мк 16,8И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на учениците Негови. 9#2,2.8.11; 8,2; 14,33; 15,25; 28,17Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус, ги пресретна и им рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги гуш­наа нозете Негови и Му се поклонија. 10#Јн 20,17Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“ 11Кога одеа тие, ете, некои од стра­жарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што бе­ше станало. 12#12,14И тие, кога се собраа со ста­ре­ши­ни­те и се посоветуваа, им дадоа многу па­ри на војниците, 13#27,64велејќи: „Кажете дека: ‚учениците Негови дојдоа и Го украдоа кога ние спиевме;‘ 14и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.“ 15А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
Исус им се јавува на Своите ученици
(Мк 16,14-18; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
16 # 26,32 А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус; 17па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се посомневаа. 18#4,9-10; 11,27; Дан 7,14; Јн 3,35; Ефес 1,20-22; Фил 2,9-11А Исус, кога се приближи, прогово­ри и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. 19#10,6; 24,9.14; Ис 42,6; 49,6; Лк 24,47; Дела 1,8; 2,38; 19,5; Рим 6,3; Гал 3,27; Ефес 4,5Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, 20#1,23; 18,20; 1 Мојс 28,15; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ис 41,10; 43,5; Ер 1,8; Агеј 1,13; Дан 7,13-14; Јн 14,18-21и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.“

موجودہ انتخاب:

Матеј 28: MK2006

سرخی

شئیر

کاپی

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔